Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба повика на итен прекин на борбите на локацијата.

Објавил: Перо Милчин | 4 март, 2022 5:47

Пожар во најголемата нуклеарна централа во Украина по руски напад

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Руските сили ја напаѓаат најголемата нуклеарна централа во Украина Запорожје во близина на градот Енерходар на реката Днепар, според медиумските извештаи.

Андриј Туз, портпарол на централата, рече дека гранати ја погодиле централата и предизвикале пожар во еден од шесте реактори на централата.

„Реакторот не работеше, но таму има нуклеарно гориво. Како резултат на гранатирањето од страна на руските сили на нуклеарната централа Запорожје избувна пожар“, рече Туз во видеото објавено на централата Телеграм. Тој додаде дека енергетската единица на централата била погодена.

Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба повика на итен прекин на борбите на локацијата.

„Руската армија од сите страни пука на Запорожје. Веќе избувна пожар. Ако експлодира ќе биде десет пати поголем од Чернобил“, твитна Кулеба.

Претставник на украинската влада, кој сакаше да остане анонимен, изјави за Асошиетед прес дека нивото на радијација во централата е зголемено.

Претседателот Џо Бајден вечерва разговараше со претседателот на Украина Володимир Зеленски за да се информира за пожарот во нуклеарната централа Запорожје. Бајден му се придружи на Зеленски во повикувањето на Русија да ги прекине воените активности во областа и да им дозволи на пожарникарите и на итните служби да пристапат до локацијата.

Претседателот Бајден, исто така, вечерва разговараше со потсекретарот за нуклеарна безбедност на американското Министерство за енергија и администратор на Националната администрација за нуклеарна безбедност (ННСА) за да добие информации за ситуацијата во централата.

Руските сили вчера ја презедоа контролата врз стратешкиот украински пристанишен град Херсон, продолжувајќи да ги гранатираат големите градови што принуди повеќе од еден милион луѓе да ја напуштат земјата.

Претставници на локалната власт и руската војска го потврдија заземањето на Херсон, првиот град што падна во еднонеделната руска инвазија на Украина, по неколкудневните спорни тврдења за тоа кој ја има контролата.

Официјален претставник на американската одбрана рече дека Вашингтон не може да го потврди развојот на настаните.

Вашингтон воведе уште една рунда санкции за кругот на најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, неколку часа откако руските и украинските официјални лица изјавија дека руските сили ја презеле контролата врз стратешкиот украински пристанишен град Херсон и дека гранатирале големи градови, при што досега повеќе од еден милион луѓе беа принудени да ја напуштат земјата.

Меѓу новосанкционираните олигарси е блискиот сојузник на Путин Алишер Усманов, едно од најбогатите лица во Русија.

Спискот со санкции вклучува и некои од најстарите пријатели на Путин, поранешен партнер во џудо и други со врски со платеничката група Вагнер и портпаролот на Путин Дмитриј Песков.

Еден од големите фактори е секако близината до претседателот Путин“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...

Оние кои пристигаат најчесто се жени, деца или стари лица, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски забрани мажи на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата.

Повеќе од половина милион бегалци ја напуштиле Украина

Преку 500.000 луѓе ја напуштија Украина по почетокот на воената инвазија на Русија која...