Голем пожар во село Кичевско!

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 март, 2021 18:56

ПОЖАР ВО СЕЛО ОРЛАНЦИ: Несовесни граѓани за малку ќе го запалеле целото село, спречени инциденти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк ФОТО: архива(интернет)

Денеска во попладневните часови беснееше голем пожар во село Орланци мало село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. Несовесни граѓани Љ.Р и неговата сопруга Ј.Р запалиле оган пред својата куќа, а при тоа огнот се проширил и во околните куќи при што пожарникарите служби навреме спречиле голем инцидент. На местото на настанот интервенирала и полицијата, пренесуваат медиумите!

Денеска околу 13 часот на пладне голем пожар избувна во село Орланци во областа Раберкиндол, во општина Кичево, кои за среќа противпожарните екипи во последен час спречиле голема трагедија.

Густ чад и голем оган се ширел до неколку селски куќи, по што оганот зафатил поголем дел од соседните дворови. Во пожарот изгореле голем број дрва и трева од соседните куќи!

Интервенција направила Кичевската противпожарна служба, а на увид пристигнала и полиција од полициската станица од Кичево!

Се уште нема информации дали во пожарот е направена голема материјална штета и зошто несовесните граѓани Љ.Р и Ј.Р го запалиле огнот!

Испраќаме апел од нашата редакција до граѓаните низ целата држава да бидат внимателни со ваквите несовесни постапки, бидејќи можат да се предизвикаат големи трагедии и инциденти!

Иначе село Орланци е ридско, на надморска височина од 700 метри.

Од градот Кичево е оддалечено 7 километри и лежи во подножјето на планината Челоица.

Селото е познато во Кичевско, сместено во подножјето на југоисточната падина на масивот Голи Рид. Околни села се: Челопеци, Речани и Крушица.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Старец, Димоа Нива, Гарански Рид, Мело Ливада, Мала Ливада, Филипои Колиби, Јели, Ограѓе, Ливади, Средно Поле, Црн Лаг, Река, Слатина, Клукоо, Кошари, Орници, Песок, Поток, Станишец, Банско, Душец, Садајне, Орница, Црквиче и Попоо Гумно!

Селото има разреден тип.Поделено е на Предно, Средно и Долно Маало. Првото е во североисточниот дел, а последното во југозападниот дел. Роднинските куќи се групирани и се поблиску една до друга.

Историја

Орланци спаѓа во старите населби во Кичевско. Под истото име се споменува во втората половина на XV век, кога било поголемо од денес и броело 97 словенско-христијански куќи. Селото во тоа време се наоѓало 2 километри северно од денешната положба, сместено на планинската падина во месноста Мала Ливада. Мештаните се префрлиле на денешната положба во првата половина на XIX век.Во месноста Селиште се наоѓаат остатоци од срушен храм, каде мештаните се собираат на Св. Ѓорѓи (посен). Слаби остатоци има и јужно од Орланци, каде се наоѓа црквиште и мештаните одат на Атанасовден. На месноста Попоо Гумно се наоѓаат стари гробови.Во XIX век, Орланци било село во Кичевската каза, на Отоманското Царство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Протестот почна од паркот во Чаир, но пред Мавровка бројни полициски сили и окопни транспортери ги запреа демонстрантите.

СЕДУМ ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПРЕСУДИТЕ ЗА „МОНСТРУМ“

По три часа тензии, заврши протестот за случајот „Монструм“. Дел од демонстрантите,...

Од МВР за Сител велат дека полицијата интервенирала поради загрозување на здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија.

Вевчани и Вевчанци беа нападнати од сопствената власт

И покрај апелите од надлежните, вевчанци не се откажаа од одржување на традиционалниот...

СВР Охрид презема мерки за расчистување на настанот, се вели во соопштението од СВР Охрид.

Горан Балески, директорот на Општа болница Охрид учествувал во тепачка на улица „Сирма Војвода“

ГОРАН БАЛЕСКИ, ДИРЕКТОРОТ НА ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД, УЧЕСТВУВАЛ ВО ТЕПАЧКА НА УЛИЦА „СИРМА...

(19) и сопатник К.М.(21), кои побегнале од местото. По насока на Јавен обвинител двете лица се пронајдени, приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Спасовски: Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат

Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се...