Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април во Собранието во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Објавил: Македонка Димкин | 21 февруари, 2020 11:11

Позадината на нередите на 27 Април, кој беше креаторот и зошто?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април во Собранието во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Позадина:

На 7 јануари 2017, претставници на албанските политички партии во Македонија, ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса, усвоиле платформа од седум точки во која бараат унапредување на правата на етничките Албанци во Македонија како услов за влез во Влада.Повод за создавање на иницијативата „За заедничка Македонија“ било разочарувањето од одлуката на Зоран Заев, претседател на СДСМ, да влезе во преговори за формирање влада со албанските партии без да ја отфрли платформата. Во телевизиско интервју за Сител, ден пред протестите на 26 февруари, Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го повикал членството на улица со зборовите „сите оние кои планираат да седат дома во влечки и да гледаат телевизија верувајќи дека друг ќе им ја заврши работата за заштита на нивната држава, се во заблуда“.

На судско рочиште во декември 2018 за упадот во Собранието, еден од обвинетите во случајот Александар Василевски Нинџа, пред судот сведочел дека зад протестите „За заедничка Македонија“ стоело раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно пак, дел од обвинетите во неговата група кои со фантомки упаднале во Собранието, пред судот признале дека насилствата биле организирани од структури во УБК и дека наредбите ги добивале токму од Александар Василевски.

Според ОЈО, осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на 27 април.

Факти:
Зоран Заев ги изгуби изборите додека мандатот за новата влада ги доби повторно Никола Груевски, меѓутоа тој не ја прифати Тиранската платформа поради што лидерот Ахмети го напушти принципот формирање на влада победник со победник и формираше влада со Зоран Заев кој не само што ја прифати Тиранската платформа туку и додаде неколку промени кои никој не ги бараше.
На 27 Април на нелегален начин после 18 часот беше за претседател на Македонското Собрание беше избран добро познатиот сепаратист и воен дезертер Талат Џафери. За ова не постоеше никаков записник ниту пак беше деловнички, а и кога би било така во салата имапе само 57 пратеници од вкупно потребните 61 пратеник.
И покрај кривилните пријави до Јавното обвинителство , досега не се отвори изтрага за оние кои се највииновни за случувањата на 27 Април а тоа е сегашната власт на Зоран Заев и лидерот на ДУИ АЛи Ахмети.

Наспроти очекувањата на Македонскиот народ да се отвори истрага за неустановното и нелегалниот избор за Спикер на собранието, ЈО отовора истрага за тогашната власт.

Наспроти очекувањата на Македонскиот народ да се отвори истрага за неустановното и нелегалниот избор за Спикер на собранието, ЈО отовора истрага за тогашната власт.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон

Oбвинетиот Михаил Младеновски во своја одбрана пред судот, на едно од рочиштата за настанитe во Собранието на 27 април, рече дека тој настан бил креиран од структури во Управата за безбедност и контраразузнавање со цел некои луѓе да си ги задржат своите функции, без разлика на жртвите.

Младеновски, во својот исказ, кажа дека со планот за влез во Собранието се запознал во кафулето Аристократ, преку обвинетиот Александар Василевски Нинџа, кој пак рече дека комуницирал со директор на УБК Владимир Атанасовски.

– Редовно одев во кафулето Аристократ и таму цело време беа присутни високи функционери на УБК, кои беа заедно со Нинџа како нивни прв оперативец. Упадот во Собранието почна да се спрема од овие луѓе уште во февруари, рече обвинетиот Младеновски.

По насоки на УБК Нинџа требаше да следи одредени лица кои, како што кажуваше, се државни непријатели. Објасни дека Нинџа на свое располагање имал две возила од УБК, моторола за следење на целата комуникација на СВР Скопје и полициски значки.

– Нинџа употребуваше еден збор дека ние сме надворешна 5-ка, односно група што содејствува надворешно со УБК. Тоа го нарекуваа пирамида што не може да биде урната. Никола Бошковски во една прилика ми кажа дека сме како јато и ако еден се одвои ќе биде осамена птица и незаштитена, рече обвинетиот Младеновски.

Посочи дека овие работи се правеле без знаење на јавната безбедност.

Знам дека Владимир Атанасовски лично преку Нинџа го извршуваше својот план кон патриотските движења, кои беа форсирани да се направат за интерес на директорот на УБК, кој го нарекуваше државен интерес. Некаде после 19.30 на 27 април, кога излегов од Собранието сфатив дека сме искористени и изманипулирани од структутите на УБК за мене непознати причини, рече обвинетиот Младеновски.

Објасни дека немале насоки што да прават во Собранието, каде се движел по инерција со толпата и откако излегол се видел со другите во паркот Жена борец.

Објасни дека немале насоки што да прават во Собранието, каде се движел по инерција со толпата и откако излегол се видел со другите во паркот Жена борец.

– Тогаш дојде голф петка со сива боја и застана кај Зегин, спроти Жена парк. Тоа е службено возило на Никола Бошковски. Ни кажаа дека во возилото има оружје и треба да се подели на луѓе кои знаат да ракуваат со оружје. Причината за тоа е зошто имале информации дека доаѓа група Албанци со оружје.

Ама тоа не се случи. Тогаш Синиша од кај претседателот Иванов ни кажа дека ќе се прогласи воена состојба и со воена полиција ќе се апси новото парламентарно мнозинството за државен упад. Таа неизвесност траеше до 22 часот, кога Иванов излезе и повика на смиреност и закажа лидерска средба, изјави обвинетиот Младеновски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ќе ја штитите, пак ќе ја ставате по тепих. Била од вашата партија, Не. не.. Нема тука ВМРО, СДСМ, има да ги санкционирате, како попчиња.

ЕФТОВ: Овие што се шетаа на скијање, низ Македонија ко црн петко ни го ширеа вирусот- Тоа е тероризам

Новинарот Васко Ефтов во својата нова емисија „Во Центар“ емитувана преку неговиот...

Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегоа на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја.

Зимските служби на терен: Снегот собори 22 дрвја во Скопје, се санираат скршените гранки!

Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на...

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска соопшти дека насилниците се веќе идентификувани и најави најстроги санкции.

ЗАТВОР ЗА НАСИЛНИЦИТЕ: Момчиња брутално претепуваат девојка во Штип и се снимаат (видео)

На социјалните мрежи денеска се појави вознемирувачко видео на кое две момчиња брутално...