Поради тоа што Трамп беше еден од оние кои гласно говореа дека вирусот е измислен во лабороторија, и ја потценуваше сериозноста на пандемијата, иако вирусот се уште е опасен и убива најмалку 1.000 Американци дневно, сега неговата политичка кариера е ставена под знак прашалник.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 октомври, 2020 10:29

Позитивниот тест на ковид-19 ја загрози политичката иднина на Трамп!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Престижниот американски весник „Њујорк тајмс“ објави дека кандидатурата на претседателот на САД, Доналд Трамп на престојните избори е неизвесна. Имео како што наведува весникот, позитивниот тест на Ковид 19 може да  поттикне прашања дали неговото име треба да стои на гласачките ливчиња на изборите на 3 ноември.

-Дури и да не појави симптоми, тој треба да се повлече од кампањата и да биде во изолација во текот на незнаен временски период, наведува весникот.

Американскиот претседател Доналд Трамп заедно со неговата сопруга Меланија Трамп се позитивни на корона вирусот јавија американските медиуми! Исто така Трамп, напиша на неговиот Твитер профил дека е позитивен на ковид-19 и дека веднаш ќе биде изолиран и ќе започне со третман за закрепнување.

Поради тоа што Трамп беше еден од оние кои гласно говореа дека вирусот е измислен во лабороторија, и ја потценуваше сериозноста на пандемијата, иако вирусот се уште е опасен и убива најмалку 1.000 Американци дневно, сега неговата политичка кариера е ставена под знак прашалник.

Денеска лекарот на Трамп најави дека сепак тој ќе продолжи со своите претседателски обврски од карантин.

Доцна синоќа Трамп на Твитер објави дека тој и сопругата Меланија се позитивни на Ковид-19, наведувајќи дека двајцата одат во карантин. Позитивна на коронавирус била и неговата советничка, Хоуп Хикс, која деновиве за време на кампањата патувала со Трамп. Се претпоставува дека таа го заразила шефот на државата.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Вести

Грузија се уште не е членка на ЕУ. Ние сме независна, суверена земја која се стреми кон Европа и сака европска интеграција.

Грузија ѝ одговори на ЕУ: Ќе воведеме санкции за Русија кога ќе бидеме членка на Унијата

Грузија доби официјален демарш од членките на ЕУ поради неодамна обновениот воздушен...

Во меѓувреме, командантот на копнените сили на Украина рече дека украинските сили продолжиле „да се движат напред“ во близина на Бахмут.

Министерството за одбрана на Русија тврди дека го одбиле украинскиот нападот на Доњецк

Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека нејзините сили спречиле голема...

Русија користи ултра прецизни сателити за следење на движењата и акциите на вооружените сили на Украина, што ќе го промени текот на конфликтот во Украина.

Поранешен американски разузнавач: Руската армија ќе ги уништи украинските војници обучувани од НАТО

За време на контраофанзивата, руската армија ќе ги уништи војниците на украинските...