Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 септември, 2020 10:30

Позната здравствената состојба на војниците кои утринава беа повредени во сообраќајна незгода!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте автобус на магистралниот пат Струмица-Штип, информираме дека се работи за автобус кој превезува припадници на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на организираниот превоз на релацијата Струмица-Радовиш- Штип-Петровец, соопшти АРМ.

Припадниците на Армијата по извршените прегледи ќе постапуваат согласно со дадените препораки од лекарите.(фото илустрација)

„Во сообраќајната незгода која според нашите и информациите од МВР се случила во 06.47 минути на осум километри пред Штип, се превезувале 16 (шеснаесет) припадници на Армијата до своите работни места во горенаведените гарнизони, при што според првичните сознанија кај дел од нив има полесни повреди и во моментот сите припадници се превезени во Болницата во Штип каде им се вршат лекарски прегледи со цел утврдување на нивната здравствена состојба, стои во соопштението од АРМ.

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Автобусот од типот „Сетра”  во сопственост на фирмата „Тритерол” од Струмица која го реализира организираниот транспорт на наведената релација, има потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патници“, информираат од Армијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.