Експертите изразија стравување од уривање на трите главни елементи на нејзината структура, јави вчера дописникот на МИА.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 април, 2019 11:07

Позната причината за пожарот во катедралата Нотр Дам, светот стравува од нејзиното уривање

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поминува веќе четврти ден од катастрофалниот пожар во Париз, кој речиси целосно ја опустоши париската катедрала Нотр Дам.

Експертите изразија стравување од уривање на трите главни елементи на нејзината структура, јави вчера дописникот на МИА.

Францускиот министер за култура Франк Ристер вчера изјави дека овие три „точки се многу кревки“, нагласувајќи дека во тек се активности за нивно „отстранување, зајакнување и консолидација“.

Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа

Во вторникот, откако пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот, командант на париската противпожарна бригада, генерал Жан-Клод Гале изјави дека „можеме да сметаме оти структурата на Нотр Дам е спасена и зачувана во целост“. Но, изминативе денови пожарникарите и експертите открија неколку критични точки во структурата на Богородичната црква.

– Остануваат три главни кревки точки во катедралата Нотр Дам, на која се работи тековно, нагласи Ристер.

Вчера исто така беше објавено и дека најверојатно краток спој го предизвикал катастрофалниот пожар во катедралата Нотд Дам. Ова официјално го потврди анонимно лице на француската судска полиција.

Како што напомена тој поради безбедносни причини, лицата кои ја водат истрагата се уште не добиле зелено светло за работа во катедралата, пренесува АП.

Претседателот на Франција Емануел Макрон најави дека е потребен петгодишен план за обвнова на Нотр Дам, а стручните лица сметаат дека ова е премногу амбициозно. Тие проценуваат дека обновата ќе трае и до 15 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

По потпишувањето на Договорот Харадинај изјави дека неговата и партијата на Ахмети денеска „успеаја да ги обединат најдобрите експертизи за една развојна програма за земјата“.

Харадинај и Ахмети потпишаа договор за предизборна коалиција

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), премиерот во оставка Рамуш Харадинај...

Митановски истакнува дека во рекетот бил директно инволвиран и синот на Катица Јанева.

Поранешен пратеник објави шокантни информации: Синот на Катица Јанева директно инволвиран во “Рекет”

Веле Митаноски кој е поранешен пратеник во македонското Собрание, објави шокантни...

Изминатиов викенд Љубомир Спасиќ зема учество во последниот натпревар сезонава кој се одржуваше во Чешке Буџејовице, каде што се сумираа резултатите од сите овогодишни трки. Претходно тој се натпреваруваше во натпреварите за Европски куп и во Македонија, Словенија, Германија, Шпанија и Италија, по кои заврши прв во генералниот пласман во конкуренција на повеќе од 200 кајакари од 17 европски држави.

Љубомир Спасиќ е првиот Македонец кој освои Европски куп во кајак! (ВИДЕО)

Љубомир Спасиќ  од Велес е првиот Македонец што го освоил Европскиот куп во дисциплината...