
Македонија
Вести
Случајот Еразмус кој започна пред четири се враќа на почеток. Судијката поротник пред почеток на денешното рочиште го известила советот дека добила работна виза и за 7 дена оди да работи во Германија.
Претседателот на судечкиот совет, Владимир Туфегџиќ од шефот на Кривичниот суд Иван Џолев ќе бара нов судија поротник.
Денеска требаше да бидат изнесени завршни обраќања ,а пресудата да биде соопштена на 3 фебруари .

Меѓутоа, судењето ќе почне од почеток. Одбраната се сложи доказите само да се прочитаат и да не бидат изведувани, за да се заштеди на време , бидејќи според нив процесот и онака трае предолго. Па така, завршните зборови ќе бидат дадени на судењето на кое требаше да се слушне пресудата.
Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ ,во одбрана на демонстраторот Драган Денковски и професорот Стојан Дебарлиев смета дека враќањето на случајот од почеток нема да влијае на постапката.
Случајот „Еразмус“ е за земање мито. Според обвинението, професори земале пари за студенти да добијат предона шестка на Економскиот факултеот при УКИМ. Меѓу обвинетите е и поранешниот декан на факултетот, Бобек Шуклев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.