Дростен се залага за скратување на самоизолацијата затоа што смета дека со тоа ќе се одржи нивото на прифаќање на епидемиолошките мерки во општеството, но исто така додава дека петдневната самоизолација е „на работ на прифаќање од епидемиолозите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 септември, 2020 14:24

ПОЗНАТИОТ ГЕРМАНСКИ ВИРУСОЛОГ ЗА САМОИЗОЛАЦИЈАТА: Се залагаме тој период да се намали од 14 на 5 дена, а еве и зошто!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Radio Sarajevo

Познатиот германски вируолог Кристијан Друстен од универзитетската болница „Шарита“ во Берлин се залага за скратување на периодот на самоизолација од 14 на пет дена.

Досега самоизолацијата во Германија траеше две недели.

Дростен се залага за скратување на самоизолацијата затоа што смета дека со тоа ќе се одржи нивото на прифаќање на епидемиолошките мерки во општеството, но исто така додава дека петдневната самоизолација е „на работ на прифаќање од епидемиолозите.

Овој вируолог препорачува оние во самоизолација да не го поминуваат тој период на тестирање и да бидат тестирани откако ќе помине периодот на самоизолација. Дростен верува дека заразените со коронавирус се најинфективни во период од пет дена, но забележува дека ова е сè уште недокажана теза.

Неговата изјава предизвика дискусија во германската јавност, па Достен подоцна појасни дека неговиот предлог се однесува на т.н. кластери на заразени.

Во секој случај, германските федерални и провинциски власти се согласија дека на оние кои ќе дојдат во Германија од области со висок ризик им треба задолжително тестирање на коронавирус и петдневна изолација.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.