Негови соработници за „Фокус” велат дека нема место за паника, бидејќи тој имал средба со позитивно лице на вирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јуни, 2020 19:56

Познатиот македонски фолкер Спасен Силјановски позитивен на Ковид 19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски фолк пејач Спасен Силјаноски од Кичево денеска преку својот Фејсбук профил ја извести јавноста дека е позитивен на Ковид-19 и открива дека нема никакви симптоми.

Пред 10 години Спасен бил  професионален војник во АРМ, а денес е успешен фолк пејач…

По контакт со инфицирано лице од Ковид 19, одлучив да направам тест за коронавирус и истиот нажалост денес испадна позитивен, што значи дека во моментов сум позитивен на Ковид 19. За моја среќа немам никакви симптоми и потешкотии како последица на истиот, но како што е процедурата во интерес на општо добро ќе се придржувам кон самоизолација се до добивањето на два последователни негативни тестови. Не е грев да се добие Ковид-19, бидејќи не знаеме кој го носи, но грев е да се прикрие доколку се има и да се заразат твоите блиски роднини и пријатели. Затоа, поради моја морална и етичка одговорност ви го соопштувам ова – информира музичарот, кој моментално се наоѓа во изолација. Веста дека Силјаноски е позитивен на корона вирус вознемири добар дел од естрадата. Пред неколку дена, тој имал средба со повеќе колеги.

Негови соработници за „Фокус” велат дека нема место за паника, бидејќи тој имал средба со позитивно лице на вирусот.

-Имаме информација дека Спасен се сретнал со здравствен работник, лице за кое подоцна се испоставило дека е позитивно на вирусот. Средбата се случила ден по неговата дружба со колегите, нормално дека се создаде мала паника помеѓу естрадата, но нема место за загриженост – смируваат вработени во позната музичка продукција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Роден е во Сплит, а по потекло е од Вела Лука на островот Корчула. Во Сплит посетува музичко училиште. Најпрво учи клавир, а потоа кларинет и гитара. Прва средба со музиката му била на петгодишна возраст кога од татко му Марко добива поклон усна хармоника со која ги забавувал децата од неговата улица и патниците од бродовите на линијата Сплит - Вела Лука.

ДВЕ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ОЛИВЕР ДРАГОЈЕВИЌ: Златниот глас на Балканот, вљубеникот во морето и музиката!

Денеска навршуваат две години од смртта на Оливер Драгојевиќ (Сплит, 7 декември 1947 – Сплит, 29...