Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Објавил: Перо Милчин | 11 мај, 2022 8:07

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички натпреварувања низ светот – Евровизија, а претставниците на 17 земји дадоа се од себе за да се пласираат во финалето.

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. 

Македонија настапува 11. во второто полуфинале, на 12 мај, заедно со Србија, Црна Гора, Австралија, Грузија, Кипар, Финска, Азербејџан, Сан Марино, Израел, Малта, Романија, Чешка, Полска, Белгија, Естонија и Ирска.

Да потсетиме, во вечерашното прво полуфинале на Евровизија настапија 17 земји учеснички.

Со свои песни се претставија Албанија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.