Според него залудно Белгија и Шпанија, кои препорачуваат носење маски и воведоа голем број на рестриктивни мерки, и се уште имаат голем број на заразени со коронавирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2020 17:21

Познат епидемиолог од Шведска советува да не се носат маски!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Еден од најпознатите епидемиолози од Шведска, Андерс Тегнел вели дека заштитноте маски според него не е потребно да се носат, бидејќи како што вели многу е опасно да се потпираме на нив.

-Многу е опасно да веруваме дека маските за лице би ја промениле играта кога е во прашање Ковид-19, изјавил Тегнел за Фајненшл тајмс.

Како што вели тој маските би можеле да бидат дополнување на други работи ако тие се доволно сигурни.

-Но, доколку имате маска за лице и мислите дека така можете да го наполните автобусот или трговскиот центар – тогаш дефинитивно правите голема грешка, истакнал Тегнел, кој е главен автор на шведската стратегија против коронавирусот која не предвидува рестриктивни мерки, пренесува Бизнис инсајдер.

Според него залудно Белгија и Шпанија, кои препорачуваат носење маски и воведоа голем број на рестриктивни мерки, и се уште имаат голем број на заразени со коронавирусот.

Во Шведска досега се заразени 86.068 луѓе, а како последица од вирусот починале 5.810 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.