Денеска во 67-та година од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков. Сочувство до семејството, колегите и пријателите.

Објавил: Стојче Бушин | 23 октомври, 2020 15:40

Познат штипски хирург почина од Ковид-19

Фото/Текст извор: © магазин.мк

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари АСМЛ на својот Фејсбук профил извести дека денеска на 67-годишна возраст од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков.

„Денеска во 67-та година од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков. Сочувство до семејството, колегите и пријателите.

Ова е 9. жртва од медицинската фела во ковид-19 пандемијата.

Ве молиме почитувајте ги мерките за заштита и спречување на ширењето на SARS-CoV-2. Овие загубени животи не смеат да бидат залудни“, напишаа од АСМЛ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Тој ќе остане запаметен како еден од најискусните политичари кои својот капацитет, искуство и истрајност ги насочија кон градење на слободна и независна Македонија.

Мицкоски: Сочувство до семејството Иванови за загубата на г-динот Љубисав Иванов – Ѕинго

Изразувам длабоко сочувство до семејството Иванови за загубата на г-динот Љубисав...

Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов - Ѕинго!

Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот...

Андревски беше сопственик и на весникот „Вечер“ и основач на Универзитетски центар за стоматологија. Беше лидер на Партијата на правдата.

Комеморација Бојо Андрески ќе се одржи денеска во просториите на Европскиот универзитет.

Почина Бојо Андрески, основачот на Европскиот универзитет

По кратко боледување синоќа почина Бојо Андрески, основач на првиот приватен универзитет...