Временска прогноза за земјава!

Објавил: Стојче Бушин | 16 март, 2020 10:01

ПОКАЧУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Временска прогноза за земјава!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Во текот на претпладнево сеуште локално ќе има повеќе облаци а врнежите насекаде ќе престанат.

Во попладневните часови и до крајот на денов облачноста насекаде ќе се намали.
 
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Во Скопје и околината до крајот на денов облачноста ќе се намалува, ќе дува слаб ветер од источен и од југоисточен правец.
 
Максималната дневна температура на воздухот ќе достигне до околу 14 степени.
Потоа во следните неколку денови, под влијание на стабилна, сува и потопла воздушна маса, времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.
Особено во среда ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува.
Сепак наутро ќе биде постудено, особено утре кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени.
 
Максималните дневни во текот на следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 11 до 19 степени.
 
Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи кој ќе бидат претежно од снег, иако повремено има услови и за врнежи од дожд и снег

СНЕГ И ДОЖД ВО ЗЕМЈАВА: Детална временска прогноза!

Нашата територија до крајот на денов ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност....

Повеќе застапени врнежите ќе бидат во попладневните и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, истиот повремено и тоа особено на север и долж Повардарието ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

ТОЛКУ ОД СОНЦЕТО: Наредните денови дожд и снег!

До крајот на денов, времето во државава ќе биде променливо облачно со повремени локални...

Во Скопје и околината претпладнево ќе биде сончево, попладне локално ќе има повеќе облачност кога ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 16 степени.

Радувајте се денес на сонцето, од утре дожд и снег!

Во текот на претпладнево во државава времето ќе биде претежно сончево и релативно...

До крајот на денов во државава времето ќе биде променливо облачно со локални послаби врнежи од дожд а на планините од снег.

ДЕТАЛНА ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Следува покачување на температурите во Македонија!

До крајот на денов во државава времето ќе биде променливо облачно со локални послаби...