На отворањето најавено е присуство на премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Објавил: Весна Петровска | 30 јули, 2019 9:36

ПОКВАЛИТЕНТО ЗДРАВСТВО: Куманово добива нов Ургентен центар за подобри услови за пациентите

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Нов Ургентен Центар во Куманово, официјално денеска пуштен со работа.

Во рамки на Општата болница во Куманово денеска ќе биде отворен нов Ургентен центар.

На отворањето најавено е присуство на премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Филипче денеска ќе присуствува на отварањето на новиот Ургентен центар

Од реконструкцијата на Ургентниот центар придобивка ќе имаат над 30.000 пациенти кои на годишно ниво гравитираат во Ургентниот центар, со посебен акцент на хирургија, урологија и ортопедија.

-Со отворањето на новиот ургентен центар пациентите ќе добијат можност на едно место да добијат комплетен хируршки, ортопедски и анестезиолошки преглед, било да се работи за ургентна состојба или се упатени за преглед од матичен лекар. Во приемната амбуланта ќе се врши тријажа на итните случаи, а во дневната болница тие ќе бидат опсервирани под терапија и под контрола од хируршки тим“, изјави директорката на кумановската болница, д-р Снежана Захариева.

Таа појасни дека на овој начин ќе имаме и подобра екипираност на хируршките и подобра можност за консултација со колегите ортопеди, анестезиолози и специјалисти по радиодијагностика на едно место и дека во исто време вработените добиваат модерно опремен објект со одлични услови за работа и можност за професионално усовршување и меѓусебна соработка.

Исто така, посочи дека наредната година планирана е набавка на нова апаратура за ултразвучна дијагностика, со што ќе се олесни дијагностиката, особено кај ургентните хируршки пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ременски вели дека со Бојан Јовановски, таа се запознала сосема случајно во периодот кога тој сакал да и се заблагодари поради спасот на неговата мајка која работи во Труд и социјална политика.

Ременски: Боки го запознав случајно, ми се заблагодаруваше бидејќи ја “спасив” неговата мајка

Фросина Ременски, поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, која ја...

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата во Охрид и Македонија.

Почина легендата на адвокатурата во Охрид и Македонија Томислав Кичеец

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата...

Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

„Прости ми“, „простено да ти е- во недела е Прочка- ова се обичаите за големиот празник

Во недела е големиот христијански празник Прочка или Велики поклади — ден...