Со дополнителни здравствени и безбедносни мерки рудникот САСА продолжува со работа, а вработените добија тримесечен бонус.

Објавил: Стојче Бушин | 24 април, 2020 15:48

Покрај редовните плати, добија и тримесечен бонус: Рудникот САСА и покрај кризата продолжува со работа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Имено, најголемиот рудникот со подземна експлоатација во земјата и покрај сите предизвици  предизвикани од пандемијата на Ковид-19, успева да ги исполни планираните производствени цели. Како резултат на тоа, сите вработени, покрај редовните плати, добија и бонус.

Покрај тоа, менаџерскиот тим на Рудник САСА е во редовна комуникација со надлежните институции на локално и државно ниво, со цел да обезбеди соодветна финансиска помош за да ѝ помогне на земјата во борбата против пандемијата на Ковид-19.

Со дополнителни здравствени и безбедносни мерки рудникот САСА продолжува со работа, а вработените добија тримесечен бонус.

– И покрај сите предизвици предизвикани од Ковид-19 пандемијата, рудникот за олово и цинк САСА продолжи со производство и продажба на металенконцентрат, при што ги исполни планираните производни цели за првиот квартал од оваа година, се вели во соопштението!

– И покрај сите предизвици предизвикани од Ковид-19 пандемијата, рудникот за олово и цинк САСА продолжи со производство и продажба на металенконцентрат, при што ги исполни планираните производни цели за првиот квартал од оваа година.

Како резултат на тоа, раководниот тим на САСА одлучи на сите вработени, покрај редовните плати, да им исплати и премија (бонус) за нивниот придонес во исполнување на планираните производствени параметри. При тоа најголеми премии добија рударите, техничкиот кадар и персоналот што работи на одржување на опремата во рудничките јами.

Од почетокот на 2020-та платите на вработените во Рудник САСА се зголемени во просек за дополнителни пет проценти. Toa беше четврто по ред зголемување на платите во последните три години откако компанијата Централ Азија Металс, со седиште во Лондон, го презеде рудникот.

„Заштитата на благостојбата на сите наши вработени и добавувачи во овие предизвикувачки времиња претставува наш највисок приоритет. Кај ниту еден вработен во Рудник САСА не е дијагностициран Ковид-19. Преземавме значајни чекори со кои сакаме да обезбедиме континуирано добро здравје на членовите на нашиот тим“, вели генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

Конкретно, како превенција од ширењето на Ковид-19 Рудник САСА обезбеди лична заштитна опрема за вработените и членовите на локалната заедница; воведе засилени хигиенски практики согласно упатствата од здравствените институции и препораките на Владата; направи детална ревизија на сите работни операции, вклучително и во рудничката кантина и при транспортот на вработените за да се обезбеди неопходната социјална дистанца; го ограничи пристапот на надворешни посетители во рудникот; воведе работа од дома за дел од вработените за кои тоа е возможно, како и систем за идентификација и засилен мониторинг на здравствената состојба на членовите на тимот кои припаѓаат во најранливата категорија од Ковид-19.

Од почетокот на 2020-та платите на вработените во Рудник САСА се зголемени во просек за дополнителни пет проценти. Toa беше четврто по ред зголемување на платите во последните три години откако компанијата Централ Азија Металс, со седиште во Лондон, го презеде рудникот.

„Преземените мерки во овие тешки околности нѝ овозможија да продолжиме со нашите работни активности, да ја одржиме финансиската стабилност на нашите вработени и бизнисот, да ѝпомагаме на заедницата и да продолжиме со извршување на обврските кон државата и нашите деловни партнери и соработници. Сѐ додека е безбедно, ние планираме да продолжиме да работиме“, потенцираше генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној, искажувајќи голема благодарност до сите вработени и добавувачи за нивната напорна работа и поддршката во овие предизвикувачки околности.

Покрај напорите за одржување на здравјето и безбедноста во рудникот и помошта на локалната заедница, менаџерскиот тим на Рудник САСА е во редовна комуникација со надлежните институции на локално и државно ниво, со цел да обезбеди финансиска помош каде што е соодветно, за да ѝ помогне на земјата во борбата против пандемијата на Ковид19, се вели во соопштението.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Вкупните приходи пак се помали за 24%, но зголемената акциза и подобрата наплата на придонесите спасиле падот да биде помал од очекуваниот, задоволна е министерката за финансии Ангеловска.

Овој месец се потрошиле за 11% повеќе пари, така што дефицитот во моментов изнесува 307 милиони евра!

Наплатата на данокот на додадена вредност продолжува да паѓа. Во мај се собрале за...

Предупредувањето за намалување на јавната потрошувачка до 2% се претвори во пораст од 1,4% (53,7 милиони евра).

Алијанса за Албанците: Со овој ребаланс, Владата се демантира себеси во сите досегашни презентирани сценарија!

Дури и со овој ребаланс на буџетот, истата логика продолжува, иако во време на криза...