
Македонија
Време
Поларниот бран кој се спушта од Арктикот, од утре, особено попладне и навечер го зафаќа ццелиот Балкански Полуостров и насекаде ќе донесе зимски температури на воздухот а во делови од Босна, Хрватска, Црна Гора и западните предели на Србија ќе го донесе и првиот снег и на пониските места.
Сето ова ќе биде проследено и со силен, до олуен ветер од северен и од североисточен правец, додека на Јадранот олујна до орканска бура која може да прави и проблеми.
Наутро ширум Балканот температурите на воздухот ќе се спуштаат и под -10 степени.
Во Македонија како што веќе најавивме, услови за слабо и локално провејување на снег ќе има особено на планинските места.
Максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени, додека наутро насекаде температурите на воздухот ќе се спуштаат под нулата и истите ќе бидат во интервалот од -8 до 0 степени, сепак особено во Беровскиот регион истите има услови да се спуштат и до околу -10 степени.
Да напоменеме дека температурите на воздухот кој се очекуваат ќе бидат под просекот, односно ќе биде невообичано студено за ноември месец.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.