Според АП, мажот, чиј идентитет сè уште не е утврден, веднаш бил пренесен во најблиската болница, каде бил прогласен за мртов, а други шест лица биле хоспитализирани поради состојба на шок.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 август, 2020 12:50

ПОЛАРНА МЕЧКА УБИ ЧОВЕК ВО НОРВЕШКА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Човек го загуби животот утрово во напад на бела мечка на кампување на еден од островите на архипелагот Норвешкиот арктички Свалбард, објавија властите.

Според АП, мажот, чиј идентитет сè уште не е утврден, веднаш бил пренесен во најблиската болница, каде бил прогласен за мртов, а други шест лица биле хоспитализирани поради состојба на шок.

Малку подоцна, мечката која го извршила нападот била пронајдена мртва на паркингот во близина на блискиот аеродром, бидејќи била застрелана од минувачи кои се нашле таму.

Според извештајот на јавниот радиодифузен сервис на Норвешка, човекот е петтото лице кое го загуби животот во таа земја во нападите на поларните мечки од 1971 година, а последниот ваков случај е забележан во 2011 година, кога жртвата била тинејџерка.

Белите мечки се меѓу најголемите сувоземни месојади. Мажјаците може да тежат и до двапати повеќе од вториот по големина месојад – сибирскиот тигар. Мажјаците се 25-45% потешки од женките, тежат 350-650 кг, и се долги 2,5-3 м (видете: полов диморфизам). Возрасните женки тежат 150–250 kg и се долги 2-2,5 м, но тежината им се удвојува за време на бременоста.Опашката им е долга 8-12 см. При раѓање мечињата тежат 600-700 гр.

Белата мечка, е мечка која живее во областа на Северниот Пол.

Таа е најголемиот сувоземен месојад на светот, бидејќи мажјаците најчесто тежат 300 – 600 кг, а женките пола од тоа. Крзното ѝ е прозрачно, но изгледа како бело или кремасто, со што му обезбедува на животното добра камуфлажа. Кожата ѝ е всушност црна.

Дебелото сало и крзно ја изолираат од студот. Има кус опаш и мали уши, што ја намалува загубата на топлина. Има и релативно мала глава и долгнавесто тело, што ѝ дава брзина при пливањето. Белата мечка е полу-воден цицач, прилагоден на живот на копно, море и мраз, и е врвен месојад во нејзиниот животен простор. Се храни главно со фоки, млади моржови и китови, но всушност, ќе изеде сè што може да улови.

Белите мечки се ранлив вид со висок ризик за исчезнување поради прекумерниот лов и поради исчезнувањето на нивниот животен простор, што доаѓа како резултат на топењето на мразот на Северниот Пол. Зоолозите и климатолозите веруваат дека популацијата на белите мечки ќе се намали на една третина од сегашната до 2050 г.

Во речиси сите земји од регионот на Северниот Пол белата мечка е прогласена за загрозен вид и е заштитена со закон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Туристички автобус со 65 патници минувал преку пругата на 80 километри источно од Бангкок, кога возот налетал.

ВОЗ УДРИ ВО АВТОБУС ПОЛН СО ТУРИСТИ : Најмалку 17 мртви во страотна несреќа во Бангкок(ФОТО, ВИДЕО)

Најмалку 17 лица загинаа рано утрово во судир на воз и автобус во централниот дел на...

Тоа беше лет за обука за идните пилоти и морнари за време на борбената обука. Авионот го управувал искусен пилот од 2-ра класа со 700 часа лет.

ВАКА ПАДНА АВИОНОТ ВО УКРАИНА: Погледнете што претходеше на несреќата во која животот го загубија 26 лица(ВИДЕО)

Авион АН-26 со 27 лица се урна во петокот вечерта, на 25 септември, во близина на Чугјево...