Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи кој на пониските места ќе бидат најпрвин од дожд и полека ќе преминуваат во снег, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег.

Објавил: Сара Фемина | 13 јануари, 2021 8:05

ПОЛАРНИОТ БРАН ДОАЃА ВЕЧЕРВА: СНЕГ ЗА СТАРА НОВА ГОДИНА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во државава ќе биде променливо облачно со умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи кој на пониските места ќе бидат најпрвин од дожд и полека ќе преминуваат во снег, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег.

Врнежите повеќе ќе ги има во западните предели. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, меѓутоа поради спуштање на многу студена воздушна маса од север кон крајот на денов значително ќе опаѓаат.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има слаби врнежи од дожд кој полека ќе преминуваат во снег.

Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 6 степени. Кон крајот на денов, истата значително ќе започне да опаѓа.

Потоа локални врнежи од снег ќе има и утре, особено во западните предели и во доцните попладневни и вечерни часови. Услови за формирање на потенка снежна покривка ќе има и на некои пониски места. Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.

Особено студено ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите на воздухот на повеќе места постојано ќе бидат под нулата, наутро понекаде истите има услови да се спуштат и до околу -15 степени, на повисоките места и на планините ќе биде уште постудено а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во сабота ќе има услови за локално и сосема слабо провејување на снег. Повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

НАПОМЕНА: Поради големите температурни разлики за кратко време, особено метеопатите можат да почувствуваат позначителни здравствени проблеми како што се: Главоболка, болка во коските и на местата од старите рани, како и несоница, но и повремена нервоза и нерасположеност.

ГОЛЕМА ТЕМПЕРАТУРНА РАЗЛИКА: ДЕНЕС ТЕМПЕРАТУРИ ДО 17°C – ВО ВТОРНИК ВИСТИНСКА ЗИМА И СНЕГ

Голема разлика во температурите ќе се злучи за само 24 часа. Во текот на денешниот ден...

Ќе дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе достигнува брзина од околу 90 км/час.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ДОАЃААТ УШТЕ ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ И ВЕТЕР СО БРЗИНА ОД 90 КМ/ЧАС

Претстојната вечер и ноќ од запад ќе се прошират нови уште ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и тоа...

Повремено врнежи од снег ќе има и на повисоките места со надморска височина од над 1000 метри.

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СЛЕДУВА ВЕТЕР СО БРЗИНА ДО 80 КМ/ЧАС, ДОЖД И МНОГУ СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ – ОД ПОНЕДЕЛНИК НОВ СТУД

Како што и најавивме нашата територија за време на викендот како и на почетокот од...