
Македонија
Вести
Првообвинетиот во случајот Рекет, Боки 13 кој доби 9 години казна затвор за истиот, денеска потврди дека поднесените кривични пријави се против политичари.
Имено Боки на неколку наврати соопшти дека во случајот се вмешани повеќе политичари, а на денот на судењето тој се обрати до судиите да ги бараат парите кај Зоран и Вице Заеви, по што беше отстранет од судницата.
Тој денеска со порака дека единствен начин да го спречат е да го убијат, потврди дека кривичните пријави ги поднесува против политичари од власта.
-Одговорно ви тврдам дека нема да ме спречат во што и да сакаат да применат и било кои методи на уцени и на закани. Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот, односно доколку посегнат по мојот живот. Но, повторувам нема да ме спречат во мојата чесна граѓанска обврска и должност, ниту пак ќе ме спречат, ниту пак ќе ме спречат во мојата намера во борбата со вистинските криминалци и сторители на кривични дела, изјави Дукоски.
На социјалните мрежи почнаа да се објавуваат документи на кои се напишани имињата на лицата за кои се тврди дека Боки 13 поднел кривични пријави.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.