И српските медиуми во фокусот на политиките на Балканот го имаат прашањето за Северна, сметајки дека по пропаднатиот референдум нема реални шанси за уставни измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 12:35

“Политика”: Притисокот за уставни измени ќе го засили отпорот на Македонците

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Српска “Политика”осамна со наслов “Референдумски ајвар” во кој ги коментира обидите на власта со уцени и закани да ги реализира уставните измени.

Имено под насловот “Референдумски ајвар”, српски весник “Политика” оценува дека “наместо витешки да признаат дека референдумот пропаднал, европските, американските и НАТО функционерите го прогласиле за победа, што дополнително ги распали политичките страсти“.

Лицемерието на западните владејачки политички елити и обидот за прекројување на волјата на граѓаните на Македонија коишто не се согласија да станат северни јужњаци, релативизирањето на резултатите на референдумот којшто лаконски беше оценет за консултативен, со дипломатски притисоци промената на името да се протурка во парламентот, само ќе го засили отпорот на Македонците. –  пишува Александар Апостоловски во коментарот на “Политика”.

Во коментарот се оценува дека “македонското гласачко тело е поделено на две длабоко завојувани страни, кои што пролеаја крв во Собранието, додека во позадина Албанците спокојно порачуваат, седејќи во Тиранската платформа, дека тие се единствените искрени американски сојузници“.

Многумина ќе речат дека Македонците не ја искористија историската шанса експресно да влеззат во НАТО и да почнат преговори со ЕУ по 27 години. Можеби балканската ирационалносто повторно го победи прагматизмот. – се заклучува во текстот.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Сите добри луѓе уште еднаш имаат можност да ја покажат хуманоста. Овој пат, за лекување на 15 годишната Сара од Охрид чиј брат е единствен сроден донатор на коскена срцевина

Апел за помош на 15 годишната Сара Настеска

Сара Настеска има потреба од наша помош. За да се спаси животот на 15-годишното девојче...

Политичката партија Левица најавува дека во иднина се враќа на улиците и ќе ги искористи сите парламентарни и вонпарламентарни начини на политичка борба, со цел враќање на киднапираниот суверенитет на народот!

Почнува уличната револуција и граѓанска непослушност , оваа влада мора да падне!

Тоа што некни се случи во Собранието на Република Македонија е само драмски чин на...

Ферид Мухиќ го откри планот на Заев, ако има поддршка, за уставните измени ќе се гласа денес, ако нема, ќе се искористи посетата на Палмер за притисок и ќе се гласа во среда

Мухиќ: Ако не се гласа денес, нема мнозинство, Палмер ќе помогне

Пратеникот од СДСМ од редовите на т.н. независни членови во Собранието на Македонија,...

Американската амбасада во Скопје која е и одговорна да информира за вакви пригоди, информира дека тој доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.

Притисокот од државниот секретаријат на САД појачан на максиум!

Во посета на Македонија веќе како втор висок претставник  ќе биде заменик помошникот...