Готвевме, се дружевме и најважно, дониравме оброци за Здружението за хумано-општествен развој "Проект Среќа".

Објавил: Сара Фемина | 29 декември, 2019 23:34

ВРЕДНИ ПОЛИТИЧАРИ: Царовска, Николовски и Лукаревска се натпреваруваа во готвење(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, директорката на УЈП Сања Лукаревска, потпретседателот на СДСМ Коста Петров и потпретседателката на партијата Мила Царовска вечерва се натпреваруваа кој ќе зготви повкусен оброк.

На натпреварот Мила Царовска прави мафини со синот.

Прекрасен настан!

Готвевме, се дружевме и најважно, дониравме оброци за Здружението за хумано-општествен развој “Проект Среќа”.
Денешниот хуманитарен “Cook Off” имаше и предизвик.

Заедно со Mila Carovska , Kosta Petrov и Сања Лукаревска , се натпреварувавме кој ќе зготви повкусен оброк.
Честитки за Петров и Царовска, кои победија на натпреварот, напиша Николовски!

Седумгодишниот син Давид ѝ беше главна поддршка на министерката за труд и социјала Мила Царовска на хуманитарниот настан Cook Off.

Мила Царовска и потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, победија на натпреварот и зготвија вкусни мафини.

Во другиот тим беа Сања Лукаревска, директорка на УЈП, и Љупчо Николовски, секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделство. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.