Под влијание на САД, Ирак три дена не може да избере нов спикер на парламентот, кој е одложен за септември, додека нова влада се очекува во мај, следната година

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 7:27

Политичка криза во Ирак која може да вроди со немири

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Трет ден по ред пратениците во Парламентот на Ирак не успеаа да изберат нов спикер, што треба да биде прв чекор кон избор на Владата по изборите што се одржаа уште во мај.

САД ги повикаа ирачките пратеници да изберат умерена и националистичка Влада, а не Влада заснована врз исламистичките елементи во Парламентот, која нема да биде премногу блиска до Иран.

Премиерот во оставка Хајдер ал Абади постигна начелен договор за соработка со водечкиот шиитски свештеник Моктада ал Садр, чија партија со 54 места има најмногу пратеници во Парламентот.

Абади и Садр најавија дека имаат поддршка од вкупно 177 пратеници што е доволно за избор на спикер и на влада, и се смета дека ја имаат поддршката на САД за формирање на влада на чие чело повторно ќе застане Ал Абади.

Но друг поранешен премиер, Нури ал Малики, и неговата проиранска коалиција, презема пратеници од партиите кои им изразија поддршка на Садр и Абади. Малики предизвика застој во работата на Парламентот кога побара да им се дозволи на поединечните пратеници сами да се изјаснат дали ја поддржуваат коалицијата, на Садр и Абади, а не преку лидерите на нивните партии, како што беше првичната замисла.

Мохамед Али Зеини привремено претседава со Парламентот како најстар пратеник, но тој не успеа да собере доволно пратеници поради бојкотот на повеќе пратенички групи. Тој најави дека нов обид за избор на спикер ќе се одржи на 15 септември.

Изборот дополнително го комплицира тоа што се очекува местото на спикер да му биде отстапено на пратеник од сунитската заедница, и покрај тоа што во двата блока кои се натпреваруваат за превласт се вклучени шиитски вооружени групи кои учествуваа во освојувањето на сунитските делови на земјата и протерувањето на Исламската држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка...

Се бара и еден помлад асистент за данок на добивка, со истите квалификации како и претходникот, со или без работно искуство во струката, и истата плата од нешто повеќе од 30 илјади денари. Тој треба да биде Албанец.

УЈП распишала оглас и за еден виш даночен референт за даночно сметководство, кој треба да има најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно - економско, трговско или дактилографско и најмалку две години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 22.739 денари, и тој треба да биде Албанец.

Се бара и еден асистент за анализа на ризик и планирање на контроли, со Економски или Правен факултет, со најмалку една година искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33.322 денари, а согласно годишниот план на УЈП тој треба да биде Турчин според етничката припадност.

УЈП ќе прима и помлад систем администратор, со високо образование од областа на електротехниката, компјутерската техника и информатика, или информатка, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде околу 30 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Албанец.

Во Управата ќе се прима и еден помлад даночен оператор во повикувачки центар, со најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, стопанско или трговско, со или без работно искуство во струката. Ќе зема плата од нецели 20 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Ром.

Потоа, во огласот се бараат тројца помлади асистенти за услуги во приемна канцеларија, со високо образование од областа на јавната управа и администрација, или правни науки или политички науки, со или без работно искуство во струката. Платата на сите овие тројца нови кадри ќе биде нешто над 30 илјади денари, а согласно годишниот план треба да бидат Албанци.

УЈП вработува и еден самостоен даночен агент за услуги во приемна канцеларија, сонајмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, техничко или трговско, со најмалку три години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 29.179 денари, а според етничката припадност треба да биде Србин.

Македонија мајка за Албанците а маќеа за Македонците

Македонските граѓани во својата сопствена држава постанаа граѓани од втор ред! Пред...

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од Ковид-19...