Пред полициската станица во Охрид во моментов се наоѓаат триесетина соселани, роднини и пријатели на тројцата уапсени вечерва.

Објавил: Сара Фемина | 8 септември, 2019 23:30

ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ: Приведени фудбалери и навивачи – блокиран влезот кон СВР Охрид!

Фото/Текст извор: ©фото: спорт медиа магазин.мк

Еден фудбалер на ФК Волино е меѓу приведените кои во моментов се наоѓаат во охридската полициска станица каде даваат исказ за инцидентот што се случил попладнево по фудбалски меч во селото Волино, општина Дебрца, објавува телевизија Алфа.

Пред полициската станица во Охрид во моментов се наоѓаат триесетина соселани, роднини и пријатели на тројцата уапсени вечерва.

Тие тврдат дека се работи за политички реваншизам, а МВР која го потврдува инцидентот вели дека се работи на расчистување на инцидент кој се случил по фудбалски меч од Охридската регионална лига, објави Алфа.

На транспортот на тројцата жители на Волино претходела блокада на патот во селото затоа што жителите не дозволувале полицајците да го извршат транспортот на приведените.

Очевидци од Волино тврдат дека тројцата биле приведени дури откако со нив во полициското комбе влегол и градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачевски како гаранција дека приведените ќе бидат пуштени веднаш откако ќе дадат изјави во СВР Охрид.

Жителите од селото поставиле блокади во обид да не дозволат своите сограѓани да бидат приведени во полициската станица во Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Пожарникарите од скопската бригада се на терен и работат на гасење на пожарот. Како што претходно информираше „Република“ на лице место пристигнал и трет противпожарен камион.

Пожар во стан во скопската населба Ново Лисиче- пожарникарите ги извлекуваат станарите

Претпладнево изби пожар во два стана во зграда спроти ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската...

Тројцата напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани се наоѓа вон животна опасност.

ПУКАЊЕ ВО ВЕЛЕС: Полицаец застрелан со четири куршуми додека бил во контрола

Денеска околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски...