Адвокатот на 37-годишниот поранешен полицаец Ерл Греј потврди дека на Лејн му е исплатена кауција во висина од 750.000 долари и дека станува збор за условна кауција, што значи дека Лејн ќе биде должен да исполни одредени услови за да не биде повторно приведен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јуни, 2020 11:07

ПОЛИЦАЕЦОТ ОБВИНЕТ ВО СЛУЧАЈОТ ЗА СМРТТА НА ФЛОЈД ПУШТЕН ОД ПРИТВОР СО КАУЦИЈА!

Фото/Текст извор: ©Index.hr

Томас Лејн, еден од четворицата полицајци во Минеаполис обвинет за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, беше ослободен од притвор, откако за него беше платена кауција.

Адвокатот на 37-годишниот поранешен полицаец Ерл Греј потврди дека на Лејн му е исплатена кауција во висина од 750.000 долари и дека станува збор за условна кауција, што значи дека Лејн ќе биде должен да исполни одредени услови за да не биде повторно приведен.

Собрани пари преку Интернет

Локалниот Стар Трибјун пишува дека парите најмногу се собирале преку Интернет односно од донации на „Пејпал“,  плаќања на веб-страница отворена за да соберат средства за негово ослободување од притвор. Во описот на таа страница се наведува дека „кауцијата на Лејн беше неправедно висока и дека тој стори сé што може за да го спаси животот на Флојд“.

Меѓу другото, тој активно ќе биде следен, нема да му биде дозволено да носи оружје, ниту пак да добие работа во полиција. Безусловната кауција за негово ослободување од притвор изнесуваше еден милион долари.

Лејн беше ослободен од притвор околу 17 часот во средата, неговиот адвокат потврди за АБЦ Њуз, одбивајќи да даде понатамошен коментар. Лејн сега е дома со сопругата, а неговиот адвокат не сакаше да каже дали Лејн се плаши за својот живот, со оглед на протестите низ целата земја.

Да потсетиме, Лејн е еден од четворицата поранешни полицајци од Минеаполис обвинет дека му помагал на Дерек Ковин во убиството на Џорџ Флојд.

Сите четворица беа отпуштени од полицијата по убиството на Флојд, Човин е обвинет за убиство од втор и трет степен, додека Лејн, Куенга и Тао се обвинети за помагање и поттикнување на убиството. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.