Од 2001 година има работено кај тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај актуелниот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Објавил: Стојче Бушин | 31 мај, 2020 15:40

Полициски началници му возвраќаат на директорот на БЈБ: Бараат извинување од Тасевски!

Фото/Текст извор: ©Нетпрес

Мешањето на политиката во работењето на Министерството за внатрешни работи во време кога СДСМ раководи со министерството ниту е новина, ниту ме изненадува. Денешната изјава на Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) дека началниците наводно се срамат од министерот Наќе Чулев е само уште еден доказ за таа политизараност, се наведува во реакцијата на м-р Игор Ангеловски, началник на СВР Велес, пишува Нетпрес!

Според реакцијата на Ангеловски дадена во електронска форма за медиумите, изјавата на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, ниту е вистина, а ниту има врска со реалноста.

„А, напротив тој ниту може да знае како ние размислуваме затоа што ниту еднаш досега не организирал колегиум на кој ќе се дискутира за работата на Секторите за внатрешни работи. За Тасевски ликови за комуникација се само луѓето поставени од него и неговите лични пријатели, што е спротивно на сите закони.
Барам од него да ја повлече оваа изјава и да се извини на јавноста, но и на сите нас за ширењето на вакви груби лаги и дезинформации“, се додава во реакцијата.

СВР Скопје во изминатиот период покажа исклучителни резултати во справувањето со криминалот и тоа е факт кој никој не може да го демантира, се наведува во реакцијата на Ристо Ставревски, началник на СВР Скопје

Неколкуте успешни акции говорат дека актуелната екипираност на СВР Скопје води засилена борба против криминалот и да бидам искрен во таа борба имаме силна поддршка од страна на министерот Чулев.

Напротив Министерот Чулев е тој кој што дава поддршка за неселективната борба против криминалот, додека очигледно директорот Тасевски се занимава со дневна политика.

Сашо Тасевски беше назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност на 22 август 2019 година по разрешувањето на тогашниот директор Лазо Велковски. Инаку Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски!

Како началник на еден од најзначајните Сектори за внатрешни работи ги демантирам тврдењата на Тасевски, истите се груба невистина.

Во оваа прилика барам тој да се извини што ги злопотреби началниците на секторите за внатрешни работи во свесно креирана политичка лага.

Да се ослободи полицијата од спрегите на политиката, а политиката да ја оставиме на дополнителниот заменик Славјанка Петровска“, се наведува во реакцијата на Ристо Ставревски, началник на СВР Скопје

Сашо Тасевски во август 2018 година беше назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Тој во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на премиерот Зоран Заев кој извади и употреби огнено оружје во инцидентите во Собранието на 27-ми април 2017-та, дојде на местото на разрешениот Лазо Велковски кој беше отстранет од должноста по аферата со користењето на службеното возило за летување на неговата ќерка.

Од 2001 година има работено кај тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај актуелниот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, ќе трае до 21 часот на 15 јули

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите...

Вашиот глас ги менува работите. Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат тоа да го прават. Вашиот глас, пак, ни дава шанса нам, новата генерација политичари, политичари без хипотеки, да ги менуваме работите. Нам ни треба држава и власт која ќе ви служи вам.

Писмо од Мицкоски: Мојот сон е Македонија земја на среќни луѓе, на горда историја и наследство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на последниот ден од изборната кампања напиша...

Очекува гласањето и 15 јули да поминат мирно и достоинствено и оти нашите граѓани ќе покажат високо ниво на политичка свест и култура. Ги повика граѓаните да излезат и да гласаат и да бидат сигурни дека се здравствено заштитени.

Дерковски: Ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат – здравствено ќе бидат заштитени

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски на два дена пред почетокот...