Тогаш тој изјавил  дека не изгубил пациентка во 43 години колку што вршел абортуси.

Објавил: Весна Петровска | 18 септември, 2019 19:40

Полицијата влезе во домот на лекар по неговата смрт: Сопственикот на клиника за абортуси чувал нешто ужасно

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Американската полиција остана во шок откако направи претрес во дом на лекар по неговата смрт.

Остатоци од над 2000 фетуси се пронајдени во домот на американски лекар од Илиноис по неговата смрт, објави локалната полиција.

Семејството на д-р Улрик Клопфер ги откри остатоците кога по неговата смрт на 3. септември влегла во неговиот дом.

Д-р Клопфер имал клиника во Саут Бенд во Индијана, која е затворена откако му била одземена лиценцата во 2016 година. Бил обвинет дека на властите не пријавил абортус изведен кај 13-годишно девојче.

Тогаш тој изјавил  дека не изгубил пациентка во 43 години колку што вршел абортуси.

„Жените забременуваат, мажите не“, рече доктор Клопфер на сослушувањето, пренесува Њујорк Тајмс. „Мора да ја почитуваме одлуката за која жените мислат дека е најдобра за нив. Не е моја задача да диктирам некому. Ниту да му судам“, рекол тој.

Властите открија вкупно 2246 фетуси кои ги презеде патолог, а истрагата е во тек.

Абортус или пометнување — прекин на бременост.

За абортусот не постои единствено гледиште. Бранителите на абортусот своето гледиште го темелат на тоа дека жената има неотуѓиво право на своето сопствено тело. Темата на абортусот е централна во феминистичката теорија и во политиката. Аргументите за абортусот се темелат на ставот дека жената треба да има контрола над своето тело и моќ за самоопределување, бидејќи тие се најпогодени од репродукцијата и тие и треба да одлучат; според други гледишта абортусот претставува убиство. Сепак, правото на жената да избира е значајно и политички и индивидуално и значи повеќе од борба за права.[1]

Абортусот може да биде намерен или спонтан. Спонтаниот абортус има тeк сличен на породувањето и ретко има компликации. Во нашата средина под абортус често се подразбира само намерен, со цел да се прекине бременоста – arteficialis.

Предизвиканиот абортус е многу чувствителна тема и имa многу проблеми кои не можат да се запостават. Познато е дека во нашата земја се прават се повеќе абортуси и покрај тоа што многу приватни клиники не го пријавуваат тоа. Одлуката дали да се роди или да се абортира е тешка да се донесе и едната и другата одлука самата по себе си носи последици, затоа добро треба да се размисли што е најдобро за вас и за луѓето кои се важни во животот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Одлуката зборува за „примени пораки кои содржат документирани обвиненија против споменатите архиепископи за црковни злосторства“.

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВО РУСКАТА ЦРКВА: Испливаа експлицитни фотографии, двајца епископи во геј афера!

Според одлуката на патријархот на Москва и на цела Русија, епископите на Армавир-Лабин,...

Ја победивме битката со злобниот вирус во Црна Гора, рече премиерот Душко Марковиќ на прес-конференција.

СТОП ЗА СРБИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Од 1 јуни се отвораат границите, но не и за СРБИЈА!

„Ја победивме битката со злобниот вирус во Црна Гора, рече премиерот Душко Марковиќ. Премиерот...

Патем, треба да се потсети на неодамнешната анализа на Си-Ен-Ен, во која се вели дека пандемијата на вирусот корона ги забрза промените во рамнотежата на глобалната моќ, што се случуваат на штета на Соединетите држави.

ТРАМП ОТКРИ БОЛНА ВИСТИНА ЗА СЕБЕ, ПУТИН И КИНА: Американскиот претседател повеќе не можеше да молчи!

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека рускиот претседател Владимир Путин...