Полицијата казнуваше и за брзо возење за што, пак, регистрирани 28 прекршоци за кои издаде и казни.

Објавил: Перо Милчин | 22 септември, 2019 10:57

ПОЛИЦИЈАТА ВО АКЦИЈА: Казнети голем број на возачи во Скопје, ова се причините!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Минатата ноќ од 23 часот синоќа до 5 часот утрово, полиција во Скопје беше во голема акција за казнување на несовесни возачи кои возат под дејство на алкохол.

„Кај 33 возачи утврдено е присуство на алкохол и сите биле исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани. На 27 од нив им биле одземени возачките дозволи. Откриени се и 48 останати прекршоци, при што се издадени 26 прекршочни платни налози и 22 мандатни платни налози“, соопшти СВР Скопје.

Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 77 мандатни платни налози и 84 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Со бележењето на хоризонтана сообраќајна сигнализација на булевар АСНОМ во општина Аеродром, од утре граѓаните ќе возат по новиот проширен булевар!

ОД УТРЕ СКОПЈАНИ ЌЕ ВОЗАТ ПО НОВИОТ БУЛЕВАР АСНОМ!

Со бележењето на хоризонтана сообраќајна сигнализација на булевар АСНОМ во општина...

Ова е трет пат како #Skytrax го рангира Меѓународниот Аеродром Скопје во оваа категорија, по 2016 и 2015 година, кога прв пат го добивме ова признание!

Меѓународниот Аеродром Скопје рангиран меѓу најдобрите 10 аеродроми во Источна Европа за 2020!

Меѓународниот Аеродром Скопје е рангиран меѓу најдобрите 10 аеродроми во Источна Европа...