Полицијата и Обвинителството на Израел веќе го гонат премиерот за две претходни обвиненија - сите за корупција

Објавил: Мартин Попоски | 17 август, 2018 14:04

Полицијата пак го испитува Нетанјаху за корупција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Полицијата денеска повторно го испитува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во рамките на истрагата за корупција.

Две полициски возила пристигнаа во резиденцијата на Нетанјаху додека демонстрантите пред влезот истакнаа транспарент на кој пишува “министер на криминалот”.

Нетанјаху ќе биде испрашан за случајот со телекомуникацискиот гигант “Безек”.

Двајца блиски пријатели на израелскиот премиер се уапсени под сомнение дека промовирале прописи вредни повеќе стотина милиони долари за “Безек”. За возврат порталот на “Безек” – “Вала” наводно обезбедувал позитивно “покривање” на Нетанјаху.

Пријателите на Нетанјаху потоа станаа државни сведоци.

Полицијата препорача и подигнување на обвинение против Нетанјаху за корупција за уште два случаја.

Нетанјаху негира каква било вмешаност и ги отфрла обвиненијата и наведе дека тоа е “лов на вештерки”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат од шокот по трагедијата во која загинаа 59 лица, утрово се простуваат од Иле Гоцевски

Нова трагедија во Кочани: Вчера цел ден пренесувал повредени, денес не се разбудил

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат...