Одземени се вкупно 9.900 капсули од лекот „трамадол“, кај двајца прилепчани кои ги набавувале во аптека од Велес.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 август, 2019 19:00

Полицијата пронајде 9.900 капсули „трамадол“ кај двајца прилепчани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Полицијата пронајде 9.900 капсули „трамадол“ кај двајца прилепчани, ги набавувале во аптека од Велес.

Како што соопшти МВР, на 15.08.2019 година по наредба на јавен обвинител полициски службеници при претрес во домот и објекти кои ги користеле пријавените на улицата „Гостиварска“ и улицата „Тризла“ одземени се вкупно 9.900 капсули од лекот „трамадол“, кои ги набавувале во аптека од Велес.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р. (50) од Прилеп и Е.А.(23) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни средства за лечење“.

Исто така надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, минатиот месец поднесе кривична пријава против 35-годишна прилепчанка, поради производство и продажба на штетни лекови.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Иванов остро и одговори на Антикорупциска: “МАНИПУЛИРАТЕ закупот е 1.950, а не 4.500 евра”

Бившиот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов реагираше на социјалните...