Акцијата ја воделе инспектори за економски криминал од СВР Охрид.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 август, 2019 20:51

Полицијата упадна во фирмите на советникот Нефи Усеини!

Фото/Текст извор: ©телма

Во текот на денот полицијата врши проверка во фирма сопственост на охридскиот советник Нефи Усеини, објави телевизија Телма.

Од полицијата и од МВР не даваат детали ниту официјални информации.

Според сознанијата на Телма, се вршат проверки во базата за бетон, која е сопственост на Усеини, а се наоѓа во близина на болницата „Свети Еразмо“. Овие проверки биле дел од претходно отворена постапка за фирмата. Акцијата ја воделе инспектори за економски криминал од СВР Охрид.

Нефи Усеини е советник во општина Охрид кој стана познат откако изгради тераса пред локал во заштитеното подрачје на Охрид.

Терасата беше прогласена за дивоградба и беше наложено уривање, но таа одлука на локалните власти не беше реализирана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со многу емоција, заедно со народот подготвена сум да ја понесам тежината на борбата.

Моќна порака на Мизрахи: Должни сме да си ја одбраниме нашата мајка, Македонија- НИЕ СМЕ МАКЕДОНСКИ НАРОД

Како што мечката си го брани своето мече, должни сме да си ја одбраниме нашата мајка,...

-Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности.

Кокаинот во Крушопек стигнал во пратка со банани (фото)

Полициска акција се спроведуваше во селото Крушопек, Сарај, каде е запленета голема...

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...