Таа заедно со своите стари пријатели со Боки 13 и Зоки Кичеец денеска за прв пат ќе седнат на обвинителна клупа за сличајот Рекет во која се осомничени за примање мито, злоупотреба а службена должност и перење пари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 декември, 2019 10:11

Полицијата ја донесе Катица во судот (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк ФОТО: МИА

Поранешната шефица на СЈО,  Катица Јанева денеска со полициска придружба пристигна во Кривичниот суд на закажаното судење.

Катица Јанева со полициска придружба пристигна во Кривичниот Суд  (ФОТО СИТЕЛ.МК)

Таа заедно со своите стари пријатели со Боки 13 и Зоки Кичеец денеска за прв пат ќе седнат на обвинителна клупа за сличајот Рекет во која се осомничени за примање мито, злоупотреба а службена должност и перење пари.

Во октомври годинава Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на чело со Вилма Рускоска поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.

 
Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.  Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Екс обвинителката и шефица на СЈО, Катица Јанева стои на ставот дека обвинителството за гонење организиран криминал и корупција нема докази дека го сторила кривичното дело за кое се гони, а тоа ќе го докажува во текот на судската постапка“, изјави вчера нејзиниот адвокат, Дељо Кадиев.

По викендот кој го помина во болницата 8 ми Септември Боки 13 вчера беше вратен во затворот во Шутка, со препишана соодветна терапија. Денеска тој како првоосомничен ќе седне на обвинителната клупа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести