Подгответе вкусен оброк за вашите најблиски

Објавил: Македонка Димкин | 1 јули, 2018 15:26

Полнети тиквици: Јадење со богат вкус што сите го обожаваме

Фото/Текст извор: ©ubavinaizdravje.mk

Зачините и вкусното месо во комбинација со тиквици се идеална комбинација за семеен ручек

Потребни состојки:

  • 4 млади тиквици
  • 300 грама мешано мелено месо
  • 2 моркова
  • 3 главици кромид
  • 1 лажиче црвена пиперка
  • сол по вкус
  • ½ лажичка кари
  • ½ лажичка мајчина душица
  • 1/3 лажички бибер
  • ½ лажичка босилек
  • масло по потреба

Начин на подготовка:

Исчистете го кромидот и исечете го на коцки. Исчистете ги морковите и изрендајте ги. Во тавче подмачкано со масло, ставете ги кромидот и морковот со малку сол и пропржете. Ставете малку вода и пржете додека не омекне зеленчукот. Кога ќе се испржи зеленчукот, додајте го меленото месо и соединете го зеленчукот. Потоа, додајте ги зачините, босилекот, биберот, карито и на крајот црвената пиперка. Соединете ги зачините со смесата и пржете го сето тоа заедно уште малку.

Пресечете ги тиквиците вертикално и издлабете ги со мало лажиче. Сочувајте го извадениот дел од тиквиците и додајте го во смесата со меленото месо, па измешајте го сето тоа заедно. Посолете ја внатрешноста на тиквиците и наполнете ја со смесата. Наредете ги тиквиците во плех, покријте ги со фолија и ставете ги во веќе загреана рерна на 200 степени Целзиусови. После половина час, во зависност од јачината на рерната, извадете ги од рерна. Внимателно тргнете ја фолијата и вратете го плехот во рерна на уште 15 минути за да се потпечат тиквиците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кујна

Во омилените јадења на министрите спаѓа свинското каре, при тоа што ќе се набави повеќе од еден тон квалитетно месо од овој тип.

Владата ќе јаде свежо месо за 40.000 евра. Ќе се јаде бифтек, прасечко месо и свински ребра

Владата распишала оглас за набавка на над шест тони свежо месо во вредност од 2.400.000...