
Живот
Рецепти
Ова е традиционално македонско јадење кое во оваа форма ретко е застапено на секоја трпеза, заради времето кое е потребно за да се приготви.
Овој зеленчук содржи многу мала количина калории, 17 калории на 100 грама, и како такво се препорачува во диетите за слабеење.
Освен тоа, тиквичката е природен диуретик, па во народната медицина се користи за исфрлање на излишната течност од организмот, а се верува дека го снижува холестеролот и ја прочистува крвта, а исто така ја подобрува и концентрацијата. Тиквичката содржи и значајни количини витамин Ц.

Состојки:
4-5 пошироки тиквички
500 г мелено мешано месо
1 главица кромид
5-6 чешниња лук1
50 г ориз Сончева долина
500 мл доматен сос
1 лажичка црвена пипер
1 рамна лажица мешан зачин
по потреба магдонос, црн пипер, масло
Подготовка:
Запржете го половина ситно исецканиот кромид со исецканото лукче. Додадете го меленото месо и испржете го. Додадете околу 150 мл сок од домати нека поварат некоја минута заедно. Кога сè ќе запржи, додадете црвен пипер, мешан сув зачин и црн пипер и зачини по желба (јас додавам и оригано). Додадете го оризот и ставете ја тавата на страна.
Тиквичките излупете ги и сечете ги на 3 дела. Отстранете ја внатрешноста на тиквичките и наполнете ги со мешавината на месо и ориз и покријте ги со парчиња свеж домат или оставете ги отворени. Ставете го полнетите тиквички во тава за печење. Остатоците од тиквичките ставете ги во нутрибулет заедно со останатата половина кромид и 2-3 чешниња лук, додадете доматен сос и измиксирајте.
Потоа ставете го овој микс во истото тавче каде што го пржевте месото, додадете малку масло и остатокот од доматниот сок и нека зовријат заедно. Истурете ја оваа мешавина над тиквичките. Додадете малку масло врз тиквичките и протресете ја тавата така што доматниот сос ќе навлези насекаде. Се пече во рерна на 250 степени околу 2 часа, се додека не се запечат тиквичките и доматниот сос не се згусни. Декорирајте со свеж магдонос после печење и сервирајте топло.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.