Вкусен, примамлив и неодолив ролат со печурки.

Објавил: Сара Фемина | 6 мај, 2019 22:22

Полнет ролат со павлака, шунка и печурки!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Кога не знаете што да направите за мезе, ручек или вечера, ви предлагаме солен полнет ролат со печурки, павлака и шунка.

Вкусот од овој вкусен ролат може да го искомбинирате по желба, па затоа никогаш не може да го утнете овој рецепт. Одличен предлог за утрешен ручек за вашето семејство.                                                                        

Овој вкусен ролат можете да го филувате по ваша желба. Кашкавал, шунка, печурки или спанаќ. Одличен и превкусен.

Кора

400 мл. Млеко

100 гр. Брашно

100 гр. Путер

5 Јајца

малку сол

Фил

500 гр. Свежи Шампињони

4 Варени Јајца

200 гр. Кругови

Шунка

400 мл. Кисела Павлака

4 лажици Мајонез, малку сол малку црн бибер

Премаз

2 лажици Мајонез

100 мл. Павлака

100 гр. Рендан кашкавал

Подготовка:

200 мл. млеко и путерот се ставаат во сад на оган. Кога ќе почне да врие се додава брашното растворено во 200 мл. ладно млеко и малку сол. Се меша постојано додека масата не почне да се одвојува од садот. Се трга настана и откако ќе олади масата се додаваат јајцата, едно по едно со постојано мешање додека да се добие хомогена смеса. Смесата се истура во плех од рерна и се пече 30 минути (првите 20 минути на 200 степени, потоа уште 10 минути на 180 степени). При тоа не се отвара рерната, иако тестото при печењето се однесува чудно. Печената кора се става на влажна крпа и се покрива со друга влажна крпа додека не се олади.
Печурките убаво треба да се измијат и се варат 10 минути во посолена вода. Откако ќе се сварат добро се исцедат и се исечкаат на тенки листенца и се пропржуваат на малку зејтин, се додава малку црн бибер. Кога водата ќе испари, печурките се готови.
Во оладените печурки се додаваат варени и сечкани јајца, мајонез, павлака.
Со овој фил се премачкува целата кора, врз филот се редат круговите шунка, брз шунката се премачкува малку павлака и со помош на крпата се витка ролат. Ролатот се остава во фрижидер да се стегне и слегне. Се чува во фрижидер најмалку 12 часа.
Се премачкува ролатот со мешавина од мајонез и павлака. На крај ролатот се посипува со рендан кашкавал.
Многу вкусен и декоративен ролат. Погоден за слави и празнични трпези.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.