Според анкетата која за потребите на Детектор ја изработи Институтот за политички истражувања Скопје, се покажа дека речиси половина од македонските граѓани не очекуваат да добиеме датум за старт на преговорите кој се очекува на 15 ти октомври идната недела.
Дури 47,7 отсто од анкетираните граѓани не очекуваат земјава да добие датум за преговори овој октомври. Од анкетираните оптимисти за датум за преговори се 34,8 отсто, кои сметаат дека идната недела, Брисел ќе и даде зелено светло на земјава, додека 17,5 осто немаат одговор.
Една четвртина од граѓаните или 24,6 отсто велат дека ако не добиеме датум за старт на преговорите овој октомври тогаш тоа нема да се случи никогаш. 22,3 отсто старт на преговорите очекуваат во следните пет години, 16,9 отсто мислат дека тоа ќе се случи до крајот на идната година додека 16,7 отсто велат дека датумот за преговори ќе дојде следната пролет.
Власта, односно најголемата владејачката партија според граѓаните ја носи целата одговорност за овој процес. 34,7 отсто сметаат дека за евентуален неуспех во Брисел виновна ќе биде Владата, додека 19,7 отсто одговорноста ја лоцираат кај опозицијата. 8,2 отсто при евентуален неуспех виновник гледаат во одредени земји членки, додека околу пет отсто се изјасниле дека вината ја гледаат на друго место.
Извор Република.мк
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.