Заедничка делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од началникот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова денеска положија венец со свежо цвеќе на спомен плочата на бранителите кај месноста Карпалак.
Десетмината прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски ја платија највисоката цена и ги положија своите животи за својата татковина за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет.
Во спомен на бранителите, во родниот град на македонските херои, Прилеп ќе биде оддадена почит и ќе бидат положени венци со свежо цвеќе пред комплексот Карпалак.
Премиерот Христијан Мицкоски на 23-годишнината од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ, повика да се потсетиме на луѓето кои без задршка се дадоа за Македонија! На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
Дваесет и три години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак.
Да се потсетиме за луѓето кои без задршка се дадоа за Македонија!
Нема да се заборават.
Слава им!, порача премиерот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.