Детално

Објавил: Калина Мартинска | 12 мај, 2024 14:10

Помилува, поставува амбасадори, предлага Гувернер… кои се надлежностите на македонскиот претседател?

Фото/Текст извор: ©tv21.mk

Денеска на инагурацијата на првата жена претседател – Гордана Силјановска Давкова ве запознаваме со надлежности на македонскиот претседател.

Претседателот на Македонија ја претставува Републиката и е врховен командант на вооружените сили. Своите права и должности Претседателот ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.

Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање и со мандат од пет години.

Пред преземањето на должноста, новиот претседател дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите на државата.

Во продолжение сите надлежности:

  • Врачува мандат за состав на Влада
  • ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и специјалните пратеници на земјата во странство
  • Прима акредитивни и отповиковни писма на странските дипломатски претставници
  • Предлага двајца судии на Уставниот суд
  • Предлага двајца членови на Судскиот совет
  • Предлага Гувернер на Народната банка
  • Именува и разрешува директор на Агенцијата за разузнавање
  • Поставува и разрешува Началник на Генералштабот на Армијата
  • Именува тројца членови на Советот за безбедност
  • Именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон
  • Доделува одликувања и признанија во согласност со закон
  • Дава помилување во согласност со закон и врши други функции утврдени со Уставот

Претседателот потпишува и указ за прогласување на законите со претседателот на Собранието, но истиот може и да одлучи да не го потпише.

Види и ова:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести