Куба има 9 лекари на 1.000 жители, најмногу на светот според Светската здравствена организација. 

Објавил: Перо Милчин | 24 октомври, 2020 14:26

ПОМОШ ЗА МАКЕДОНИЈА: Куба е подготвена да ѝ помогне на земјава да се справи со коронакризата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Кубански лекари се подготвени во секое време да и помогнат на Земјава доколку е потребно, вели амбасадорката на Куба во земјава Каридад Јамира Кието Милиан.

– Куба е подготвена да соработува со било која земја во светот. Да се спротивстави не само на коронавирусот, туку и да помогне во секој случај на итност или болести. Во моментов имаме кубански доктори во 59 земји во светот, а во 37 земји од нив се борат со ковид. Во целост 39.000 кубански доктори служат со луѓето низ светот за да се спротивстават на пандемијата. Секако, ние ќе бидеме подготвени да и помогнеме на Македонија и на македонскиот народ за оваа цел – вели за ТВ Канал 5, Милиан.

Куба има 9 лекари на 1.000 жители, најмногу на светот според Светската здравствена организација. 

Куба е најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ.

Куба има издолжен облик во правец исток-северозапад долг 1200 км со просечна широчина од 110км. Во овие граници таа зафаќа површина од 110 860 км2. На тој простор денес живеат над 11 милиони жители.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Тој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација, потенцираше министерот!

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, извести Филипче!

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни...

-Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица“ – старата болница на Систина, каде може да се сместат 100 пациенти.

ФИЛИПЧЕ: ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ЈА ОПРЕМУВААТ БОЛНИЦАТА „МАЛА БОГОРОДИЦА“, ЛЕКУВАЊЕТО ТАМУ НА ТОВАР НА ДРЖАВАТА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, по состанокот со сопствениците на приватните...

Изминатата недела во ЗД Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Ченто, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански беа направени 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.

БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА ОД УТРЕ ВО ШТИП, ГОСТИВАР, ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И КИЧЕВО

Во пет здравствени институции во државата од утре ќе се врши тестирање за коронавирус...