Финансиска помош ќе има сите ранливи категории граѓани и за пензионерите. Олеснување на достапност до кредити за малите и средни претпријатија. Основните и средните училишта одат на регулираниот пазар на струја. На денешната седница Владата усвои нов пакет антикризни мерки тешок 350 милиони евра!
СКОПЈЕ – Ваучери со финансиска помош од три илјади денари во наредните четири месеци за социјално загрозените и ранливите категории на граѓани како и за пензионерите е една од сетот антикризни мерки кои денеска ги усвои Владата на 88 седница.
„Ќе се погрижиме за сите. Буквално сите да бидат згрижени. Ќе биде тешко кај нас. Ќе биде тешко и во многу други земји. Но тука дома ќе се погрижиме сите да имаат доволно греење и храна за да ја преживеат зимата. Посветени сме на наоѓање на начин како да ја здржиме ликвидноста на компаниите и животниот стандард на граѓаните“, кажа премиерот Димитар Ковачевски во прес центарот на Владата.
Со овој сет антикризни мерки по 3.000 денари месечно во нареднте четири месеци ќе добиваат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на ГМП, како и активните баратели на работа и стечајните работници или вкупно 42 илјади граѓани. За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.