Во болницата во Славонски Брод се примени на лекување 44 повредени патници, од кои 15 потешко.

Објавил: Владо Марин | 25 јули, 2021 18:35

Понеделник ден на жалост во Косово, Османи ја прекина посетата на Јапонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Косовската претседателка Вјоса Османи го прогласи понеделник, 26 јули, за ден на жалост во државата, во знак на почит за граѓаните на Република Косово кои го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово во Хрватска, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од претседателскиот кабинет исто така се наведува дека по несреќата, во која животот го загубија десетмина косовски печалбари во Германија, Османи ќе ја прекине посетата на Јапонија, каде што престојува по повод Олимписките игри, и утре ќе се врати во земјата.

Автобусот со косовски регистарски таблички, кој сообраќаше на релацијата Франкфурт – Приштина, утрово околу шест часот излета од патот и се преврте во близина на Славонски Брод, при што, според досегашниот биланс, загинаа девет патници и еден од двајцата возачи.

Во болницата во Славонски Брод се примени на лекување 44 повредени патници, од кои 15 потешко.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Во соопштението на полицијата се наведува дека возилото врз кое биле фрлени пиротехнички средства се наоѓало на статичен пункт поставен за спречување на прекуграничниот шверц во таа област.

НОВ НАПАД ВРЗ КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА НА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА

Косовската полиција соопшти дека рано утрово се случиле две нови експлозии во близина...

Од Владата се бара да ги преземе неопходните активности за да спречи кршење на суверенитетот и уставниот поредок на Косово!

Косово усвои Резолуција против одржување на српскиот референдум

Со 76 гласа пратениците во косовското Собрание неодамна ја усвоија Резолуцијата против...

По денешната акција на косовската полиција на четири локации во Косово, премиерот Албин Курти рече дека акцијата е во насока на спречување на нелегални активности, додавајќи дека нема да се толерираат криминалци и криминални групи.

Немири во Косово: Вучиќ се закани дека ќе ги згази косоварите

Александар Вучиќ пртетседателот на Србија, изјави денеска, за време на разговорите...

Таа изрази надеж дека Косово наскоро ќе се снабди и со хеликоптери, кои на ФСК ќе му послужат и за спасување човечки животи во вонредни ситуации.

Во Косово пристигнаа 55 oклопни возила, донација од САД

Во најголемата косовска касарна, „Адем Јашари” денеска беше одржана свеченост по...