Портпаролот на Владата Хоџа информираше дека заклучно до денеска во 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, како и дека се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 септември, 2021 14:16

Пописот трае до 30 септември и никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој процес

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Влегуваме во последната фаза од пописните активности на терен во која се привршуваат сите активности, што се спроведуваа во последните 20 дена. Апелираме до граѓаните да бидат трпеливи.

Пописот трае до 30 септември и уверуваме дека никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој процес. Токму од овие причини, Државниот завод за статистика ќе им овозможи на сите оние граѓани, кои по кој и да е основ не успеале да остварат контакт со попишувачот, кој поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол, да можат да се попишат на одредени локации во својата општина“, беше истакнато на тематската прес-конференција на портпарол на Владата на Република Северна Македонија Муамет Хоџа, која ја одржа заедно со Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

Претставничката на ДЗС Ѓоргиева посочи дека попладнево на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk ќе бидат објавени локациите во сите општини каде што граѓаните ќе можат да појдат и да се попишат.

Ѓоргиева нагласи дека ова се однесува на граѓаните кај кои попишувачот поминал, но сепак успеал да оствари контакт. Таа повика граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи пописот трае до 30 септември, попишувачите работат интензивно на терен и некои граѓани ќе бидат посетени и на последниот ден. Таа изрази уверување дека никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој огромен статистички процес, бидејќи целта на Пописот е целосен опфат на сите граѓани кои во моментов живеат во Република Северна Македонија.

Ѓоргиева од името на Државниот завод за статистика се заблагодари на граѓаните за огромната соработка и поддршка на овој процес, при што изрази задоволство од фактот што граѓаните го сфатија значењето на Пописот како статистичка операција која е од интерес за развојот на државата и за сите нас.

Портпаролот на Владата Хоџа информираше дека заклучно до денеска во 12:00 часот попишани се вкупно  1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, како и дека се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората.

Од името на Владата сакам да се заблагодарам до сите граѓани, кои веќе ја исполнија оваа граѓански должност и апелирам до останатите во земјава и до сите во дијаспората кои досега не се попишани, да го сторат истото. Податоците од Пописот на населението, становите и домаќинствата во иднина ќе ни помогне за долгорочно планирање на политиките, реформите и проектите од значаен интерес за државата и граѓаните“, истакна портпаролот Хоџа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

ДИК: Правото на глас денеска може да го искористат 10.653 гласачи

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно...

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

Заев: ФЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани...

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

Во земјава утре се одржуваат Локалните избори 2021 на кои за градоначалничката функција...

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво.

Струјата ќе поскапи по Нова година, но засега никој не знае за колку

Поскапа струја догодина ќе има, но за колку не знае никој. Надлежните сепак тврдат дека...