Целта на овој Попис, за жал Е, Македонците по род со соучество, од државотворен народ да станат едно од многуте малцинства во сопствената држава Македонија!

Објавил: Сара Фемина | 28 март, 2021 18:17

ПОПИС, ЗЛОСТОРСТВО И ИДРИЗОВО!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Целта на овој Попис, за жал Е, Македонците по род со соучество, од државотворен народ да станат едно од многуте малцинства во сопствената држава Македонија!

Се разбира, Попис треба, ама не се прави за време на пандемија и кризна состојба прогласена од Собранието. И не се прави од марионетска Влада во која никој не верува!

Проблемот е во методологијата: Вградена е системска деформација која дава погрешни резултати.

Пописот го спроведуваат Приштина, Тирана и Софија.

Еднаш засекогаш мора да се стави крај на пописните и изборните фалсификати во државата Македонија: Безусловно е потребна ревизија на книгата на македонските државјани и на матичните книги. Македонија безрезервно ги цени Албанците, но Македонија не може да биде татковина на сите Албанци во светот! Како што ни Албанија не може да биде татковина на сите Македонци во светот!

Целта на овој Попис, за жал Е, Македонците по род со соучество, од државотворен народ да станат едно од многуте малцинства во сопствената држава Македонија. Нели, малцинство во една држава нема свои малцинства во странство. Не сведуваат на ендемичен вид во изумирање… За поделбата на Македонија меѓу Албанија и Бугарија да биде поефектна и поизвесна.

Затоа, Македонците во светот и во татковината не се попишуваат!

И не се секирајте, бојкотот на Пописов и непопишувањето не е ниту кривично дело ниту прекршок! Колку и да врескаат и заплашуваат од Владата и другарот Апостол. Вашиот дом е Вашата слобода, домот е неповредлив, а животот и здравјето се неприкосновени! Впрочем Апостол рече дека и да не отворите врата тие пак ќе ве попишат. Па повелете, пробајте!

А, оваа марионетската влада, како и за многу други злодела, злосторства против Македонскиот народ, промената на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, ревизијата на македонската историја и суспензијата на слободно изразената волја на Македонците по род и државјанство на референдумот од 8 септември 1991 година и референдумот од 30 септември 2018 година, кога и да е, еден ден, ќе одговара! Ни Свети ЕУ, ни Свети НАТО нема да ги спаси!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Затоа што тоа е право на самоопределување, тоа е чувство. И не постои договор кој што го договара начинот на тоа како се чувствувам, и каков јазик ние зборуваме. И на крајот, тоа е европска вредност.

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ! Вели Заев, во Ресен, на 5...

Кога претседателот и Владата во мир не можат да се искоординираат, каква координација ќе имаат за време на војна, може само да се претпостави? Господ напомош со оваа марионетска и крајно неодговорна власт во државата Македонија, за што мора да сноси последици!

НЕКООРДИНАЦИЈА МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ВЛАДАТА ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА СЕВЕРНАТА И ЈУЖНАТА ДРЖАВНА ГРАНИЦА ОД ИЛЕГАЛНА МИГРАЦИЈА!

Дерогацијата на уставната положба на Претседателот на Републиката како Врховен командант...

Македонскиот претставник на Песна за Евровизија, младиот струмичанец Васил Гарванлиев, во телевизиско интервју се пофали дека има и бугарско државјанство!

Освен заедничка историја, со Бугарите сега имаме и заеднички пејач за Евровизија!

Без намера да ги оспорам потврдените музички квалитети на младиот уметник и неговото...