Поради поплава во МРТ, во зградата работи само еден лифт и настанати се турканици.

Објавил: Перо Милчин | 11 јануари, 2019 11:06

Поплавена зградата на Македонската Радио Телевизија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Утрово во зградата на Македонска радио телевизија поради поплава настана голема вознемиреност и паника кај вработените.

 Низ зградата тече вода од замрзнати и пукнати цевки од горните катови по скалите. Во зградата работи само еден лифт и настанати се турканици поради тоа што во зградата се сместени повеќе државни институции.
Пред зградата од рано утрово има и против пожарно возило за секој случај да не дојде и до голем  пожар,затоа што водата не се знае каде  може да пробие.

Македонска радиотелевизија е  национална телевизија на Република Македонија, основана во денешниот облик во 1993 година од страна на Собранието на Република Македонија, како продолжение на дотогашната Радиотелевизија Скопје.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести