сабота, 14 декември 2019

MK/ EN/ DE



Страотните поплави однесоа и две жртви . Еден постар маж од 70 години загина од струен удар во својата куќа кога се обидел да ја уклучи пумпата за вода,  додека Дејли меил пренесува дека уште една жртва настрадала од поплавите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 ноември, 2019 9:32

Поплавите однесоа две жртви, градоначалникот испрати порака: Венеција е на колена

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Страотните поплави кои ја зафатија Венеција оставија тешки последици врз градот. Веќе неколку дена Венеција се соочува со големите поплави при што проценетата штета е неколку стотици милиони евра, пренесува Танјуг.

Страотните поплави однесоа и две жртви . Еден постар маж од 70 години загина од струен удар во својата куќа кога се обидел да ја уклучи пумпата за вода,  додека Дејли меил пренесува дека уште една жртва настрадала од поплавите.

Моментално, нивото на водата на плоштадот Свети Марко изнесува 187 сантиметри, што е нешто пониско од рекордните  194  сантиметри во 1966 година. АП. foto: EPA / Andrea Merola

Луиџи Бруњаро, градоначалникот на Венеција на својот Твитер профил напиша “ Венеција е на колена. Тој додаде дека ќе бара помош од Владата.

Цената ќе биде висока, ова е резултат на климатските промени, напиша градоначалникот.

За делови од Италија, денеска е прогласен портокалов и црвен метео-аларм.

Делови од земјата се погодени од обилни врнежи од дожд и засилен ветер, а во повисоките области на Италија има и снег.

Пред два дена поради големото количество вода туристите и жители на Венеција во чизми се пробиваа низ водата која го преплави поголемиот дел од градот лагуна. Според жителите вакво нешто се нема случено псоледните 50 години.

Водата ги преплави кафаните и продавниците, а поради лошата временска прогноза затворени се и градинките, пренесува АП.

Во многу хотели се наоѓаат и пластични чизми за еднократна употреба. АП наведува дека туристите во хотелите носат чизми над колена.

Метеоролозите предвидуваат уште повеќе дожд, посебно на североистокот на земјата, каде се наоѓа Венеција, Сицилија и другите Јужни региони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како на пример, Путин навел неодамна во резулуцијата на Европскиот парламент, која како што ја оцени, ставена е на исто ниво на нацистичките агресори и Советскиот сојуз, пренесуваат Итар Тас.

ПУТИН ВЕЛИ ДЕКА МЕЃУНАРОДНИТЕ ИСНТИТУЦИИ ФАЛСИФИКУВААТ ИСТОРИЈА: ЕП ги стави на исто ниво нацистите и СССР

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил вчера дека обидите за искривување на историската...

Тој додаде дека Италија инсистира да има позитивна одлука за почеток на преговорите за двете земји. – Италија инсистира на потребата за позитивна одлука за двете земји и закажување датум за повикување на првата меѓувладина конференција, исто така и да се додели мандат на Комисијата да ја подготви рамката за преговори.

Мајо: Италија ги поддржува Албанија и Македонија на европскиот пат

Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Луиџи ди Мајо...

Имено Вучиќ упати порака до македонската Влада и рече дека треба да си ја гледа својата работа. Тој упати порака и до Србите во Македонија.

Вучиќ: Со бојкотот на нобеловецот Хандке, македонската влада покажа на Србите за кого да гласаат

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, на социјалните мрежи го коментираше бојкотот...

Тие кои што останаа во државните болници мораат на вечер да возат такси да преживеат, вели Алексеј.

РУСКИТЕ ХИРУРЗИ ОПЕРИРААТ ДУРИ 12 ЧАСА, а навечер возат такси да преживеат: Нема да верувате колку им изнесува просечната плата!

Дванаесет часа руските лекари оперираат луѓе, а доцна во ноќта возат такси да ги прехранат...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial