Бутел е една од општините каде бројот на заболени е висок,  но според митрополитот Петар, таа бројка која деновиве се презентира пред јавноста е од ифтарските вечери кои се одржувале во затворени простории.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јуни, 2020 10:59

Поповите против карантин за Задушница: Заболените се од ифтарите кои се одржуваа на затворено!

Фото/Текст извор: ©а1 он

Во изјава за А1 Он митрополитот пелагониско-преспански Петар, кој е против да има карантин и полициски час за празникот Задушница истакна дека гробиштата се на отворено и дека има провев а секој гроб е на 2 метри растојание, така што не е логично да се забрани посетата на гробиштата за големиот празник Задушница.

Бутел е една од општините каде бројот на заболени е висок,  но според митрополитот Петар, таа бројка која деновиве се презентира пред јавноста е од ифтарските вечери кои се одржувале во затворени простории.

Задушница (Мртва сабота, Мртвен, Мртвени дни) — деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење) итн. Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата, па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

„Се знае дека заболените деновиве се од одредени кластери, распространети по неколку општини како резултат на контактите на ифтарските вечери. Ифтарите се одржуваа во затворен простор, а Задушница ќе биде на отворено. Не гледам проблем на верниците да им се ускрати правото да оддадат помен на починатите. Ги затворија верниците за Велигден, во ред, молчевме, беше проблем да не се собираат во црквите. Но, сега не е така, затоа сметам дека ако повоторно има карантин за задушница е премногу“, изјави митрополитот Петар.

Свештениците ги повикуваат верниците да се воздржат од раздавање храна , затоа што тоа е народски, а не црковен обичај. Ако се поздравуваат меѓусебно обавезно да ги дезинфицираат рацете и на гробиштата да носат заштитни маски.

„На Задушница обичај е да се ракуваат со поздравот „Бог да го прости“ и нека се ракуваат и прегрнуваат, ние тоа не можеме да им го забраниме и така на гробот ќе бидат луѓето од едно семејство кои секако живеат заедно. Но, секој што ќе дојде на гробиштата треба да носи маска, а на секој гроб да има средство за дезинфекција. На оној гроб каде што верниците не се придржуваат до правилата, свештеникот нема да одржи помен“, додадава митрополитот Петар за А1он.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ, наведува Шекеринска, не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.

ПОТПОЛКОВНИКОТ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ, СОСТОЈБАТА МУ Е ДОБРА

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во...

“Фокус” вчера објави дека постои сомнеж дека војникот е заразен со африканскиот сој на Ковид-19. Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните соеви досега.

Заразениот војник од Африка вечерва пристигнува во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција соопшти...