Претседател на МАНУ

Објавил: Калина Мартинска | 27 ноември, 2024 16:35

Попов: Притисокот за формирање моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија, која ја претставува државата во европската, но и во други меѓународни асоцијации на академии. Така, актуелниот притисок за формирање моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован. Ова денеска на одбележување на 57-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите – Денот на МАНУ го посочи нејзиниот претседател, академик Живко Попов.

„Од нејзиното основање до денес, членови на академијата биле припадници на македонскиот народ, но и на другите етнички заедници. Така биле избирани припадници на албанската, турската, влашката, српската и други народности. Веќе неколку децении во нашите редови имаме и академик која е Полјачка. Она што е карактеристично за нашата мултиетничка академија е фактот дека кандидатите за членство и акадамиците никогаш не се прашувале да се изјаснат за нивната етничка припадност. Имало и периоди кога академиците Македонци не биле мнозинство во институцијата“,рече академик Попов.

Перински: Нема законска можност општините да финансираат Албанска академија на науките

Сепак, посочи дека согласно практиката во други држави може да се формираат научно-уметнички друштва, како граѓански здруженија или, пак, академии во рамките на професионалните асоцијации од одредени области, како на пример, Академија за архитектура или правни науки.

Попов рече дека се неосновани и ставовите од поедини политички и интелектуални кругови дека професорите и интелектуалците од албанска етничка припадност нема каде што да вршат научни истражувања, затоа што додаде дека тоа можат да го прават на катедрите на трите државни универзитети каде наставата се одвива и на албански јазик.

Мицкоски: Единствена институција која ја обединува научната мисла е МАНУ и тука завршува се

„Како и на државниот научен Институт за зачувување на духовното и културно наследство на Албанците во Скопје, кој има сопствен буџет, како и во МАНУ. Впрочем, и членовите на МАНУ поголемиот дел од истражувањата ги прават на УКИМ и во другите државни универзитети и научни институти, а не само во самата академија. Овие факти јасно укажуваат дека во академските редови нема место за политиканство и за манипулација“,вели тој.

На сите притисоци и провокации од надвор, како беше притисокот за формирање Албанска академија како чисто етничка институција во мултикултурно и мултиетничко општество како нашето, Попов рече дека МАНУ ќе одговори со стаменост, мудрост и доследност, дека науката и уметноста не познаваат каква било припадност, туку препознавање по резултатите на индивидуалното творештво и достигнување.

Во однос на употребата на јазиците во науката, за која рече дека нема и не признава етнички предзнак, а за Законот за употреба на јазиците на сите етнички заедници во државата додаде дека треба да се доуреди и допрецизира.

„Никој во Академијата, вклучувајќи ме и мене, не смета дека употребата на албанскиот и на јазиците на останатите немнозински заедници во државата, како придобивка од Охридскиот рамковен договор и уставна категорија, треба да се укине. Напротв, во постоечкото законско решение треба да се доуреди и допрецизира, со цел да се подобри нејзината применливост“, вели Попов.

Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата

 

Според него, тоа се однесува на функционирањето на правосудниот систем, работата на полицијата, армијата, потоа на здравствениот систем и друго, каде што со оглед на деликатноста и одговорноста на она што е предмет на работа, нужна е употребата на еден општ јазик за разбирање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.