Студениот бран кој го зафати целиот Балкан и го донесе првиот снег на планините, пристигна и во Македонија.
Температурите се за повеќе од 10 степени пониски од оние кои ги имавме пред скоро време, а студот денес го донесе и првиот снег за оваа сезона на планинските врвови “Титов Врв” и на “Кораб” (над 2500 м.н.в).
Од наша страна најавено беше дека ќе пристигне првиот снег во Македонија за оваа сезона со овој студен бран.
Од средината на оваа седмица, и тоа поради силното јужно воздушно струење се очекува поголемо затоплување на времето, а од утре ќе биде постабилно и посуво. Во петок и во сабота ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер.
Нови поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат од сабота попладне, тогаш ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со грмежи, а можна е појава и на локално невреме.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.