
Македонија
Сообраќај
Поради градежни работи времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид
На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, денеска поради изведување градежни работи на пат, (минирање, бушење на косини на пат во двата правци), сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:00 до 14:00 часот, во времетраење од 15 – 20 минути, соопштија од АМСМ.
Воедно, до 20 септември на патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки мост поради изведување градежни работи (асфалтирање) собраќајот ќе се одвива наизменично по една коловозна лента за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.