Изјава на министерката Јаневска

Објавил: Калина Мартинска | 7 ноември, 2024 12:34

Поради нерегуларности, затворени два института, просветната инспекција ги проверува и универзитетите

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Кај некои универзитети се утврдени нерегуларности, потврди денеска и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Таа информира дека државната просветна инспекција работи по сите пријави што стигнуваат до МОН со цел утврдување на нерегуларностите.

„Кај некои од универзитетите веќе сосема при крај е процесот, односно постапивме со наплата на казни на рецензенски комисии, декани и ректори. Во Штип веќе имаше една контрола, го чекаме извештајот, но битно е дека сите универзитети ќе го поминат овој процес и секаде каде што ќе бидат завршени процесите, јавно и транспарентно ќе бидат објавени резултатите. Досега во три универзитети има пронајдено неправилности“, прецизира Јаневска.

Според неа, нерегуларности нема само кај универзитетите, туку тие се констатирани и кај одредени институти.

„Да, најдени се неправилности не само во универзитетите туку и во институтите. Процесот на затворање два института е комплетно завршен, продолжува во овој момент, најверојатно, и за уште три“, објави Јаневска непрецизирајќи притоа за кои институти се работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.