Овој карневал годишно носи бројни туристи кои со нетрпение очекуваат да присуствуваат на големиот италијански спектакл, сепак, поради големиот број заболени и двете починати лица од новиот вирус, сите настани се откажани и тоа најмалку една недела.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 февруари, 2020 18:00

Поради ширење на коронавирусот откажан карневалот во Венеција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Италијанските власти, денеска донесоа одлука да го откажат напознатиот карневал во Италија поради ширење на коронавирусот.

Овој карневал годишно носи бројни туристи кои со нетрпение очекуваат да присуствуваат на големиот италијански спектакл, сепак, поради големиот број заболени и двете починати лица од новиот вирус, сите настани се откажани и тоа најмалку една недела.

И во Милано се откажани речиси сите настани, меѓу кои и големата модна ревија на Армани.

Зборот карневал, наречен Карновале во Тоскана, доаѓа од латинското carnem levare, израз употребуван во средниот век кој го обележа почетокот на постите. Период од годината кога не беше дозволено да се јаде месо (carne на латински). Но како и многу други фестивали од нашиот календар, тој произлегува од древниот римски култ Сатурналија, пагански обреди за плодност кои биле прославувани во чест на Богот Сатурн. За време на тие прослави било дозволено сé, па дури и непочитување и промена на правилата. Карневалите беа дополнително променувани поради нивната магична и ритуална природа со христијанството, но сè уште беа толерирани од страна на свештенството. За време на 15-тиот и 16-тиот век некои традиции беа вратени и употребата на маски се раширила насекаде во земјата.

Досега во Италија се регистрирани над 100 случаи на заразени од коронавирус, од кои две лица починаа.

Инаку Карневалот во Венеција е најголемиот и најважниот венецијански фестивал, една мешавина од традиција, забава, историја и трансгресија во уникатен град, фестивал кој секоја година привлекува илијадници луѓе насекаде од светот. Карневалот има многу старо потекло. Тоа е фестивал што го прославува преминот од зима во пролет, време кога наизглед сè е можно, вклучувајќи ја и илузијата, каде што најскромните од класата стануваат најмоќни со носењето маски на лицето. Официјалниот карневал во Венеција датира од 1296 година, кога Сенатот на Републиката го направи карневалот официјален со прокламирање на денот пред постите за јавен празник. По прекинувањето кое траеше скоро два века, карневалската традиција беше повторно откриена од Општината во 1980-та година и оттогаш секоја година се одржува со успех. 2009-тото издание кое ќе се одржи од 13-ти до 24-ти февруари, ќе биде наречено «Сензација, 6 сетила за 6 области». Тоа ќе ги воведе посетителите во заносната атмосфера, повик потполно да се вдлабочите во емоционалното доживување што само Венецијанскиот карневал може да ви го понуди. Програмата е богата со настани и забава за сите возрасти, од натпревар за најдобра маска за деца на плоштадот Свети Марко, до музичка програма обезбедена од ALL MUSIC во Санта Маргерита, концерти на средновековна и музика од седмиот век во Кампо Сан Барнаба и повторното воведување на историските паради на Свети Марко. Карневалот во Масафра се смета за еден од поважнитe. Тоа е така поради тоа што најголемиот дел од маскираните не се разголени, со исклучок на другите карневали, а граѓаните директно учествуваат во сите анимации и забави, стимулирани од кореографите и сценографите на вагоните и алегоричните групи парадираат низ главните улици на државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено бебето Леонард е победник во битката со коронавирусот трпи доста тешки последици поради пандемијата од коронавирусот објави Јумама.

НАЈУБАВАТА ФОТОГРАФИЈА ОД ИТАЛИЈА: Ова бебе го победи коронавирусот и победнички се насмевна!

Најубавата фотографија која ќе ја видите денес е од Италија. Ова преслатко шестмесечно...

Поради ова, но и најавата на здравствените експерти, многу граѓани се прашуваа како ќе се снабдуваат со лекови и други намирници, како ќе ги шетаат миленичињата во текот на денот.

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ТРАЕ 24 ЧАСА: Луѓето смеат да излезат само од три причини!

Полицискиот час воведен во Србија трае од 17 до 5 часот, а за време на викендите од 15 до...

Чарлс, кој беше прв во ред за британскиот престол, рече дека има „само благи симптоми“ и им се обрати на Британците и светот со видео-порака во која го опишува неговото искуство со вирусот.

ПРИНЦ ЧАРЛС ГО ПОБЕДИ КОРОНАВИРУСОТ: Фрустрирачко и ново е ова искуство за сите нас!

Принцот Чарлс (71) се опорави од  COVID-19, што беше официјално потврдено од кралското...

Авион со медицинска опрема организиран од руското Министерство за одбрана заминал рано утрово од аеродромот недалеку од Москва.

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Руски авион со медицинска опрема слета во Њујок!

Руски воен авион со медицинска опрема слета на аеродромот во Њујорк, соопшти руското...